ЕДУКАТИВНО – ХУМАНИТАРНО – ПЛАНИНАРСКА АКЦИЈА MATKA 2018

ПЛАНИНАРИ, ДЕЦА И ЉУБИТЕЛИ НА ПРИРОДАТА

Оваа сабота се оддржа долго најавуваната Едукативно – хуманитарно планинарска акција Матка 2018! Пред Планинарскиот дом Матка викендов вриеше од искусни планинари, дечиња со родители, љубители на природата и рекреативци… Во организација на планинарските клубови на Федерацијата на Планинарски спортови на Република Македонија, а со поддршка на Град Скопје, Планинарскиот дом Матка беше местото за сите вистински љубители на природата, планинините, спортот, рекреацијата и конечно на најубавиот кањон во Европа… Рекреативците имаа прилика да пешачат со искусни планинари, да учат за тајните на планината, но и за убавините на кањонот. Најмладите посетители, се дружеа со искусни планинари и членови на ПД Кораб – Скопје, ПСД Макпетрол – Скопје, ПК Шкупи – Скопје, ПД Козјак Куманово и ПК Шари од Гостивар кои на учесниците им ги доловија двете исклучително атрактивни планинарски патеки, основите на планинарењето, но имаа и прилика да слушнат кои се предизвиците на планина, што мора да се знае пред да се планинари, се споделуваа исксутва, се зборуваше повеќе за флората и фауната, како и за тоа како може да се опстане во планина подолго време и во различни временски услови.. За рекреатвиците беа обезбедние бесплатни автобуси, а се делеа и планинарско чајче,а се ручаше и традиционално гравче…
– Целта на манифестацијата Матка 2018та беше на најмладите да им ја покажеме убавата страна на планината. Да се заљубат во природата и нејзините можности. Наместо пред лап топ, компјутер и мобилен, времето почесто да го минуваат во природа! Покрај основите на планинарењето, имавме ретка можност благодарение на планинарските клубови, но пред се и на волонтерите од Црвениот крст на Град Скопје, да покажеме и како се дава прва помош и како треба да се однесуваме на планина. Ако на сево ова се додаде и хуманитарниот аспект, каде што сите учесници донираа за социјално загрозените и ранливи категории, презадоволни сме од ефектот на самата Хуманитарно – едукативно планинарска акција Матка 2018 – изјави Јовица Угриновски, Председател на Федерацијата на планинарски спортови
Покрај едукативниот и хуманитарен карактер на манифестацијата, за најмладите настапија децата од Златно славејче, а свој ДЏ сет имаше и ДЏ Дела. На штандовите пред планинарскиот дом имаше и достапна литература, планинарски предмети, шатори, алатки, кои можеа да се набават по симболични цени, а средствата кои беа собрани исто така беа наменети за хуманитарни цели.
Федерацијата на Планинарски спортови најавува дека дружбата со планинарите за граѓаните на Градот Скопје ќе биде традиционална….

Спортски поздрав,
Федерација на планинарски спортови на Македонија

Recent Posts