Зимски високогорски камп

Комисијата за високогорство и експедиции при ФПСМ во рамки на својата програма за работа организира “Зимски високогорски камп“ во периодот 27-29.03.2015 на Попова Шапка. Кампот ќе има едукативен карактер, а ќе овозможи интензивирање на соработката на планинари со исти цели и интереси од сите клубови при ФПСМ.

Сместувањето ќе биде во сопствени шатори во околината на ПД Смрека и секој учесник потребно е да поседува соодветна опрема за зимско логорување. Исхрана од ранец. Исто така и комплетна соодветна опрема за движење и престој на планина во зимски услови.

Услов за учество: Планинари со искачен врв над 3500мнв

ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавување и повеќе информации на: contact@fpsm.org.mk

Последен рок за пријавување 25.03.2015

ПРОГРАМА превземи Programa KVE kamp 2015

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search