ЗИМСКА ОБУКА 2019

Од 28.02 до 03.03.2019.2019 во организација на Комисијата за планинарски водичи и Центарот за стручно оспособување при ФПСМ, во „Конак“ и во оклината, на Попова Шапка, Шар Планина, беше одржана обука за планинарски водичи за Категорија Б1 – Планинарење по лесни патеки во зимски услови. На обуката беа присутни 8 кандидати од 4 планинарски клубови регистрирани во ФПСМ, како и 8 инструктори и презентери на повеќе планинарски теми.
Во програмата беа вклучени повеќе теми, сите со теоретски и практичен дел: движење и техника на водење, планинарска техничка опрема, изработка на зимско засолниште, ориентација со компас, мапи и ГПС уреди, движење и спречување на падови со дерези и цепин, ноќна ориентација, прва помош, опасности во планина и спасување,пребарување на покриени со лавина со лавински примопредаватели и сонди, изработка на снежен профил, изработка на сидришта и огради од јаже. Програмата содржеше 28 работни часови, од кои 22 часа пракса.
На обуката како експерт за технички стандарди при УИАА, во рамките на акредитацијата на едукативниот систем за обуки за планинарски водичи за Планинарење во зимски и летни услови, присуствуваше и Матјаж Шеркези од Словенија. Во текот на обуката тој ги сподели своите искуства како планинарски водич и новини во планинарењето како експерт од УИАА.
На обуката присуствува и Орце Димитриевски и Сашо Манојловски, планинари кои на 15 декември 2018 година, при искачување на Љуботен, беа зафатени од повеќе лавини. Орце и Сашо ни ги пренесоа нивните искуства од настанот.

КПВ, 06.03.2019

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search