Меморијалниот Марш, Бел Камен – Радовиш

П.К. ,,Бел Камен” Радовиш
Покана
за 9-ти меморијален марш
,,Спасов Костаке – Цоцо – 2015”

Почитувани планинари !
П.К Бел Камен оваа година по 9-ти јубилеен пат го организира Меморијалниот Марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2015” во спомен секавање на нашиот планинар и другар Спасов Костаке.
По тој повод ве покануваме и вас да земете учество на овој меморијален марш кој ке се одржи на 15 и 16 август 2015 год (сабота и недела).
Самиот марш ќе се одржи на 16.08.2015 по следната програма:
Тргнување од пред планинарски дом Џумаја во 8.30 ч. До врв Туртел висок 1607 м.н.в. пристигнување во 12.00 ч. одмор и разгледување на околината 30 мин. И вракање околу 15.00 ч.По пристигнувањето на сите учесници и гости ќе им се послужи ручек.После ручекот планинарско дружење и во 17 ч. заминување од П.Д. Џумаја.
За оние планинари кои сакат да дојдат на 15.08.15 (сабота) сместување ке има во П.Д Џумаја, кое ќе биде бесплатно.
За непречено организирање на маршот во однос на сместувањето и учеството на маршот,ве молиме задолжително да го пријавите важето учество најкасно до 14.08.2015 год.
За секој учесник на маршот следи поклон изненадување.

Напомена:Сите учесници во маршот да бидат здрави и психофизички подготвени.

Пријави на адреса:paokbelkamen@yahoo.com
и на тел:Ѓорги Симеонов 070/302-021
Цане Николов 070/302-031
Гогов Ристе-Ринго 075/927-989

Со поздрав

Радовиш П.К Бел Камен Радовиш
20.07.2015 Претседател
Ѓорѓи Симеонов

Recent Posts