Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/fpsmorgm/public_html/wp-content/themes/jupiter/jupiter/framework/includes/minify/src/Minifier.php on line 227
ОСТВАРЕН ПРИЕМ ВО ВЛАДАТА НА РСМ ВО ВРСКА СО ПЛАНИНАРСКИТЕ ДОМОВИ – Федерација за планинарство на Северна Македонија

ОСТВАРЕН ПРИЕМ ВО ВЛАДАТА НА РСМ ВО ВРСКА СО ПЛАНИНАРСКИТЕ ДОМОВИ

 In Комисија за планинарски домови, Новости

ОСТВАРЕН ПРИЕМ

ВО ВЛАДАТА НА РСМ ВО ВРСКА СО ПЛАНИНАРСКИТЕ ДОМОВИ СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА КУЛАТА НА ТИТОВ ВРВ

 

Имаќи во предвид дека на 16 Декември 2021 година Генералното Собрание на ООН ја прогласи 2022 година како Меѓународна година на одржлив планински развој и во Програмата за работа на Владата на РСМ за периодот 2022-2024 година во делот за Одржлив туризам се содржани одредби дека во фокусот на Владата ќе бидат развојот на Шар Планина, Преспа, Охридско-Струшкиот Регион, Маврово, Матка, Пелистер, Галичица и Осоговските Планини, дека  Владата ќе започне реконструкција на постоечките планинарски домови и изградба на нови со дефинирање на модел за управување и инвестирање во нив и трасирање и промовирање на официјални планинарски патеки, на 21 Февруари оваа година од ФПСМ до Владата беше испратено писмо со барање за прием а по повод планинарските домови со посебен акцент на Кулата на Титов врв.

Во ова писмо ја запознавме Владата за нашата хронологија на доставување информации до Владата за статусот на планинарските домови во државата. Во писмото укажавме дека не бараме ништо што не е наше, дека Владата на РМ во изградбата на овие планинарски домови нема вложено ни еден камен или цигла, како и тоа дека без оглед на тоа што некои од нив се во руинирана состојба, тие се наши и сакаме да ни бидат дадени за да можеме да бараме инвеститори и полека да ги вратиме во употребна состојба. Во писмото ја запознавме Владата дека со писмо бр.50-10236/2 од 25.12.2019 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ни достави писмен одговор со укажување дека за планинарскиот дом Бегово, Јелак, Кулата на Титов врв, Дервен не се премерени и нема изработено геодетски елаборат со завршно укажување дека имаќи ја во предвид фактичката состојба во која се наоѓаат планинарските домови, Владата на Република Северна Македонија-Генерален секретаријат не известува дека нема законски основ објектите кои се руинирани да ги даде со Одлука за трајно користење.

Имаќи во предвид дека, согласно Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2022-2024 година, во делот кој се однесува на “Одржлив туризам“  е утврдено дека Владата ќе започне со реконструкција на постоечките планинарски домови и изградба на нови со дефинирање на модел за управување и инвестирање во нив и трасирање и промовирање на официјални планинарски патеки како и тоа дека во фокусот на Владата ќе бидат развојот на Шар Планина, Маврово, Матка, Пелистер, Галичица, Осоговските Планини и др. ФПСМ, како единствена федерација во државата која ги градела постојните планинарски домови и со нив стопанисува од денот на изградбата па се до денес и е надлежна за уредувањето, означувањето и одржувањето на планинарските патеки, во правец на нудење помош на Владата за реализација на овој дел од Програмата за работа на Владата, бараме прием на кој ќе ги објасниме нашите мислења и гледања.

Писмото беше испратено на 21 Март оваа година и веднаш после 3 дена во Канцеларијата на ФПСМ се јавиле од Владата за состанок односно прием на 03 Март. На овој состанок поради одредени здравствени проблеми на претседателот Угриновски на состанокот во Владата бев само јас. Бев примен од страна на Секретарот на Секретаријатот за реализација на Програмата за работа на Владата на РСМ, Г-динот Игор Билбиловски и Зам Секретар Елена Поповска.

На овој прием накратко ги запознав за нашата ФПСМ, за незините активности со посебен осврт на проблемите со планинарските домови а посебно со Кулата на Титов врв која се наоѓа на самиот врв на Титов врв која беше руинирана (без врата и прозори, зидовите на повеќе места беа оштетени и самата кула резултат на забот на времето беше прашање кога ќе падне и тој куп камења, бетон и арматура ќе останеа таму засекогаш и ќе беа срам за сите нас и за нашата држава во очите на сите посетители), дека во последните 5 години планинарскиот клуб “АРГЕНТУС МОУНТ“ од Тетово со доброволна работна рака и со средства од ФПСМ како и од донатори целосно ја санира и реновира Кулата на Титов врв и ја опреми во внатрешноста со најнеопходната опрема за прием на посетители, при што целокупниот градежен материјал (ситен песок, цимент, усјемал, алуминиумска врата, 24 ПВЦ прозори, метални греди, даски, буриња, панел за соларна енергија, градежен алат и друго) е носен на раце, што од Попова Шапка до самиот врв во должина од 13км, што од 2500м висина до каде што е транспортирано со ратрак или теренско возило.

Имаќи во предвид дека Кулата на Титов врв не е повеќе во руинирана состојба,

дека истата е санирана и реновирана со средства и работна рака на членството на ФПСМ како и тоа дека е изработен геодетски елаборат и извршен е етажен премер, бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе Одлука со која овој објект ќе го додели на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) на трајно користење без надоместок.

 На приемот им беше презентирана и фотодокументација за тоа како изгледала кулата кога била руинирана, како била градена и градежниот материјал носен на раце од планинари волонтери, и како изгледа кулата денес. Материјалот после приемот беше предаден преку архивата на Владата.

Во прилог писмото испратено до Владата на РСМ.

Изготвил: Живко Темелкоски

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search