Планинарство и планинарска солидарност за санација на бетонскиот кров на Кулата на Титов врв

До:    Сите планинарските клубови и самостојните планинари во земјата

 

П О К А Н А

За учество на планинарска акција

Планинарство и планинарска солидарност за санација на бетонскиот кров на Кулата на Титов врв

 

Организатор ПК“Аргентус моунт“ Тетово во соработка со ФПСМ

Акцијата  се организира во Недела 23 Јуни 2019 година, само во погодни временски  услови, со цел планинарски транспорт на хидоизолациони материјали за санација на бетонскиот кров на планинарската Кула на Титов врв.

Се покануваат  планинари  кои своеволно сакаат да учествуваат и дадат свој драгоцен придонес во санацијата на симболот на планинарството во Македонија,планинари кои се со висок елан и воља за солидарност и трудољубивост,со чесна и искрена дружељубивост ,со искуство и соодветно опремени за движење по планинарски патеки ,солидно кондиционо и морално подготвени и со стабилна здраствена состојба.

П Р О Г Р А М А

  •  Во 06:30 ч тргнување на учесниците од паркингот на хотел “Попова шапка“ на Попова шапка и движење по Ваковската патека под водство на клубските лиценцирани водичи од ФПСМ;
  • Околу 10:00 до 10:30 ч пристигнување на Кота 2550 мнв подножје на Титов врв,каде се складирани материјалите;
  • До 12 ч транспорт на материјалите на раце или во ранец на подготвените најлонски пакување (5 кг) според кондиционата и физичката подготвеност на учесниците во акцијата и според подготвеното сценарио од членовите на ПК “Аргентус моунт“;
  • Одмор и фотосесија до 13 ч на Титов врв;
  • Од 13 ч враќање по истатата Ваковска патека кон Попова шапка каде околу 16 ч се очекува пристигнување во планинарскиот дом “Смрека“, ручек и дружба со планинарите учесници;
  • Во 18 затварање на акцијата.

Планинарски клуб “Аргентус моунт“-Тетово

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search