ПОВИК ЗА КАНДИДАТИ ЗА МАРКАЦИСТИ 2021

Кандидатот треба да:

– има завршено минимум средно образование и возраст од најмалку 18 години;

– да е во добра здравствена состојба;

– да е најмалку пет години активен член во планинарскиот клуб и во активностите во системот на планинарење;

– да е добро физички и психички подготвен;

– да има основно познавања од планинарството и основните техники за безбедна посета на планина;

– да ги знае правилата и стандардите за организација на активности на планина;

– да го владее добро македонскиот јазик, а пожелно да има познавање и на еден странски јазик.

– Да има основно познавање од ориентација и читање на топографска карта

Кадидатите најдоцна до понеделник, 21 декември 2020 година, достават уредно пополнета пријава (во прилог) и мотивациско писмо од матичниот клуб како потврда за вашето назначување.

Здравствената потврда од секој кандидат е задолжителна, но ќе биде доставена после создавање на подобри услови за нејзино добивање од здравствениот дом-спортска медицина.

Напоменуваме дека, теоретската обука ќе започне (на интернет платформа „ZOOM“) и ќе се одвива во неколку циклуси во текот на работни недели попладне (по 2 часа) додека практичната обука во викенд термини. Практичната работа и стажирање како и целата програмата и термините на обуката, ќе се договорат со кандидатите и предавачите дополнително.

Критериумот за избор на кандидати ќе биде на регионално ниво, односно предност ќе имаат клубовите кои досега немаат регистриран лиценциран маркацист, а доколку предложениот кандидат не ги исполнува условите, во тој случај изборот ќе се дополнува од клубови кои веќе имаат регистриран маркацист. 

Трошоците за обуката 9000 денари. ќе бидат со партиципација од кандидатите (комисијата за КПП покрива 50% од трошоците, а доколу се обезбедат покровители, цената допонително ќе се намали, или ќе биде покриена во целост). Превозот до местото на практичната обука паѓа на трошок на кандидатите. Алат, опрема и материјали за маркирање, обезбедува КПП.

Кандидатите во приправничкиот период ќе имаат за задача да изработат 3 елаборати за патеки, како и практичен дел на истите патеки (патеките ќе ги предлага комисијата за планинарски патеки).

Циклусот на школување до стекнување на Лиценца со завршниот испит е 2 години.

Ве молиме за навремена достава на информациите како би можела Комисијата за планинарски патеки да направи селекција заради ограничениот број на кандидати (вкупно 20), запазуваќи покрај искуство и регионална застапеност и активност на клубовите со број на национални акции во календарот на ФПСМ.

ПРИЈАВА ЗА ОБУКА ЗА МАРКАЦИСТ

Со почит,
Претседател на КПП ФПСМ
Симончо Симоновски

Раководител на ЦСО ФПСМ
Горан Тинтоски