Подобрување на управувањето со заштитените подрачја

Проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ има за цел да ја подобри заштитата на природата и да промовира одржливо користење на природните ресурси, истовремено зголемувајќи го капацитетот на локалните самоуправи и граѓанските организации да управуваат и промовираат заштитени области на професионален и одржлив начин. Проектот е финансиран од Европската унија, преку ИПА II – Секторска оперативна програма за акција на животната средина и климата 2014-2020, имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во тесна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамките на проектот се предвидени активности за родова еднаквост и вклучување на жените во активностите за одржливо управување со заштитените подрачја. Проектот предвидува сертифицирана обука за 20 жени планински водичи во заштитените подрачја, со цел да се зголемат локалните капацитети и свеста на жените за заштита на природата, да се постигне еднаков пристап кон социо-економските придобивки преку одржлив туризам и вклучување на локалното население во управување со активности на заштитените подрачја.

Повеќе детали во прикачениот документ: ОБУКА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧИ ФПСМ – УНДП

Recent Posts