ПРЕПОРАКИ ОД UIAA ЗА ИЗВЕДБА НА ПЛАНИНСКИ СПОРТОВИ

Појавата на вирусот Корона донесе нови ризици во секојдневното живеење, па затоа треба да се измени и нашето однесување. Најважно е да се одржува хигиената, а заболените да останат дома.

ПРЕПОРАКИ ОД UIAA ЗА ИЗВЕДБА НА ПЛАНИНСКИ СПОРТОВИ

• Спортувајте и рекреирајте се на планина, но без големи напрегања. Правете го тоа само ако сте здрави за да избегнете непотребно вклучување на итните служби.
• Изведувајте планински активности во групи со број на луѓе препорачан од овластените лица. Одржувајте ја препорачаната оддалеченост при поздравување и разговарање. Избегнувајте ги многу посетените региони и тури.
• Одржувајте меѓусебно растојание од најмалку 2 метра.
• Користете заштита за устата и носот ако не може да ја одржувате препорачаната меѓусебна оддалеченост.
• Избегнувајте ги вообичаените начини на поздравување: ракување, прегрнување, користење на исто шише за вода итн.
• Во ранецот носете маска или марама за заштита на носот и устата и средство за дезинфекција.
• Користете тип на превоз препорачан од овластените лица и користете заштитни средства ако не може да ја одржувате препорачаната меѓусебна оддалеченост.
• Ако се наоѓате на местото на несреќата, помогнете им на повредените според своето знаење и користете заштита за устата и носот.

Повеќе на линкот: https://www.theuiaa.org/uiaa/covid-19-recommendations-for-mountain-sports-endorsed-by-the-uiaa/

Дополнителни препораки
• Организаторите на активности во природа треба да имаат во предвид дека во поголеми групи тешко се одржува безбедното растојание. Организаторите да имаат список со сите учесници во активностите.
• Користете сопствен превоз. При употреба на јавен или групен превоз почитувајте ги упатствата кои ги пропишува Министерството за здравство.
• Употребувајте само сопствена опрема. Групната опрема пред употреба треба да се исчисти согласно препораките на производителите.
• При посета на планинарски домови почитувајте ги упатствата за однесување во затворени простории. Задолжително резервирајте престој во планинските домови.
• Рекреирајте се, но само ако сте потполно здрави. Бидете одговорни и останете дома ако кашлате, кивате, ако ви тече носот, чувствувате слабост, со што спречувате потенцијално ширење на заболувања.
• Добро подгответе се за активноста. Носете опрема која знаете да ја употребувате. Изберете цел која е во рамките на вашите физички и психички можности. Движете се низ планина со регистрирани планинарски водичи на ФПСМ. Почитувајте ги препораките на ФПСМ за безбедно движење низ планина.

 

 

Recent Posts