Светски ден на планината

 In Новости

ПОКАНА

Почитувани,

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), традиционално и оваа година се приклучува кон одлуката  на Генералното Собрание на Обиденинетите Нации, за одбележување на 11 декември – ,,Светскиот ден на планината,,.

ФПСМ се придружува кон одбележување на овај ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.

Оваа година, „Светскиот ден на планината“ ќе се одбележи  на 14 декември 2014 година (во прилог : Програма – Матка 2014).

За таа цел имаме чест да Ве поканиме да бидете дел од овај настан, за да му дадеме  поголемо значење на „Светскиот ден на планината“, во интерес да се создаде традиционален настан за подобар и поквалитетен живот за целата општествена заедница.

Затоа сметаме дека Вашето присуство ќе биде повеќе од добредојдено.

ПРОГРАМА:Pr. Svetski den na planinata Matka 2014

ПРИЈАВА:Lista na ucesnici od KLUBOT

Со почит,

Ваша ФПСМ

 

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search