Делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП Македонски шуми

 In Комисија за планинарски водичи, Новости

Почитувани,

Од 02.07.2021, ЈП Македонски шуми воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на државата (меѓу 06 и 20 часот).

Движењето ќе биде дозволено само со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП Македонски шуми за соодветното подрачје.

КПВ препорачува навреме да обезбедите таква дозвола при што треба да поднесете список на учесници на планинарските акции, како и легитимација за планинарски водич.

Националните паркови (Галичица, Пелистер, Маврово, и најновиот, Шар Планина) самостојно одлучуваат за движење на посетители на нивната територија и би ве замолиле да прочитате повеќе информации за движењето низ парковите на нивните интернет страни.

НП Маврово известува дека посетителите имаат обврска да се извршат уплата за влез во износ од 30 денари по лице на ден, и тоа во Инфо Центарот во Маврови Анови кој работи од 8 часот наутро, или по електронски пат на www.npmavrovo.mk , во секција билети или на линкот: https://npmavrovo.mk/buy/128

Посетителите на НП Маврово треба да пополнат и Пријава за движење низ НП.

ЛИНК ЗА ПРИЈАВА

 

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search