ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДВИЖЕЊЕ НИЗ ВО ПРИРОДА

 In Најава, Новости

До сите планинарски клубови регистрирани во ФПСМ
До сите Комисии при ФПСМ
До Центар за управување со кризи

Почитувани,
Како што веќе сте информирани од медиумите, Центарот за управување со кризи (ЦУК) го прифати аргументираното барање на ФПСМ за одобрување на планинарски акции и поред забраната за движење во природа.
Услови и правила по кои може да се органзираат планинарски акции се:
1. Планинарската акција мора да биде организирана од регистриран Клуб-член на ФПСМ со платена членарина за 2021 год.
2. Учесници во планинарската акција можат да бидат само регистрирани планинари со планинарска книшка и важечка маркица за 2021 год. На барање на шумската полиција или други овластени лица должни се да ја покажат легитимацијата.
3. Истиот принцип важи и кога во акцијата се вклучени и планинари од други земји.
4. Клубот-организатор на акцијата е должен да обезбеди лиценциран планинарски водич од регистерот на планинарски водичи при ФПСМ или лиценциран маркацист од регистерот на ФПСМ. Бројот на потребни водичи за акцијата е според правилникот на ФПСМ.
5. Планинарската акција мора однапред да биде најавена во подрачната подружница на Македонски шуми и/или полициската станица.
6. Клубот-организатор и водичите се директно одговорни за безбедносните мерки во тек на акцијата, особено за превенција од шумски пожар.
Воколку некој Клуб наиде на потешкотии или недоразбирања со локалните институции, да ја информира канцеларијата на ФПСМ како недоразбирањата би се решиле.

ФПСМ
Проф.Др.Јовица Угриновски
Претседател

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search