Инструкции за приправници … лиценца Б1

 In Комисија за планинарски водичи

Инструкции за приправниците – планинарски водичи и за менторите за Категорија Б1 – Планинарење по лесни патеки во зимски услови

ФПСМ / КОМИСИЈА ЗА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧИ

ПРИПРАВНИЧКИ АКЦИИИНСТРУКЦИИ ЗА МЕНТОРИТЕИ ПРИПРАВНИЦИТЕ

КАТЕГОРИЈА Б1 – ПЛАНИНАРЕЊЕ ПО ЛЕСНИ ПАТЕКИ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

 

Пред почеток на акцијата:

  • Соработка на Приправникот и Менторот во подготовка на акцијата.
  • Приправникот да се претстави и да објасни детали за акцијата (времетраење, висинска разлика …).

 

Во текот на акцијата Приправникот да покаже и презентира:

  • Познавања на околината (околни и далечни врвови).
  • Ориентација со компас и мапа, со ГПС уред и со ГПС мобилна апликација.
  • Давање Прва помош (имобилизација, запирање на крварење …).
  • Содржина на торбичката за Прва помош и на ранецот.
  • Движење со планинарска техничка опрема (дерези, цепин, шлем).
  • Изработка на бивак за итни ситуации.
  • Доколку има мрежна покриеност, приправникот е должен да испрати најмалку 3 SMS пораки со своите координати со апликацијата GPSTOSMSза време на изведувањето на акцијата на двајца од регионалните координатори: Влатко Гроздановски – 075/575-634, Александар Стојановски Цули – 078/225-034, Марјан Милановски – 071/387-227, Љупчо Чучуковски – 070/605-137, Горан Николоски – 070/200-506, Николчо Петров – 070/262-169.

 

На крај од акцијата:

  • Анализа на акцијата со Менторот и со останатите водичи.
  • Заблагодарување за учеството и најава на следни акции на планинарскиот клуб.

 

После завршување на акцијата:

  • Приправникот треба да пополни Извештај за приправнички акции (деловите А, Б, В и Г), да го потпише и да го достави до менторот (Извештајот се наоѓа на интернет страната http://www.fpsm.org.mk/komisija-za-planinarski-vodici/ ).
  • Менторот треба да го пополни делот Д и целиот извештај да го достави само до Комисијата за планинарски водичи (КПВ).
  • Приправникот да испрати минимум по 4 фотографии, на кои се учесниците и менторот, и по можност список на учесници.
  • Менторот, дополнително пополнува и Лист за оценување на приправниците и го доставува само до КПВ.

 

НАПОМЕНА ЗА ПРИПРАВНИЦИТЕ: Упатствата за број на учесници во планинарска акција и за изведба на приправнички акции се поставени на интернет страната на КПВhttp://www.fpsm.org.mk/komisija-za-planinarski-vodici/

 

НАПОМЕНА ЗА МЕНТОРИТЕ: Согласно Правилникот за планинарски водичи, Категорија Б1: Планинарење по лесни патеки во зимски услови – Категорија Б1еосновно зимско водење каде што движењето претставува пешачење, но потребни се и основни вештини за употреба на цепин, дерези и дрезги. Водењето ги опфаќа истите услови како од категоријата А1, како и водење по лесен, снежен планински терен, при што е потребно познавање на користење дерези и цепин по лесни означени и лесни неозначени патеки по снег, по зимски маркирани патеки и на организирани и осигурени зимски походи.

Согласно документот Планинарски акции – објаснувања:

Акција во зимски услови е планинарска акција изведена во зимска сезона, од 21 декември до 20 март, до 1.500 м. надморска височина, и од 1 декември до 30 април, над 1.500 м. надморска височина. Акцијата се изведува на терен покриен со снег (сув, влажен, смрзнат). Акциите на места со постојан снег и мраз се глечерски акции.

Лесна акција во зимски услови: Планинарска акција по ненапорен заснежен планински терен кога не треба придржување со рацете. Планинарски стапчиња, цепин и дерези се употребуваат само за полесно движење и поголема безбедност. Нагибот на патеката е помал од 30°.

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search