Компостирачки тоалет

 In Комисија за екологија, Новости
Компостирачки тоалет е вид на тоалет кој го третира човечкиот отпад со биолошки процес наречен компостирање. Ваквиот вид на тоалет користи природен биолошки процес кој води до распаѓање на органската материја и го претвора човечкиот отпад во материјал сличен на компост.
Компостирањето го вршат микроорганизми (главно бактерии и габи) под контролирани аеробни услови (со присуство на кислород). Компостирачките тоалети користат минимално или воопшто не користат вода.
Во поголем дел од компостирачките тоалети по употребата се додаваат додатоци како пилевини, тресет мов или кокосова кора кои го подобруваат квалитетот на компостот и го намалуваат интензитетот на мирисот.
Има неколку видови на компостирачки тоалети, некои се механизирани а некои се сосема просто изградени, но во двата случаеви, крајниот производ е компост кој е квалитетен и може да се користи како ѓубриво и потхранувач на вашата почва.
  • Кои се бенефитите од користење на компостирачки тоалет?
– Се намалува употребата на вода
– Се заштедува средства
– Произведувате здрава почва за вашата бавча
– Се грижите за околината
  • Кои се корисници на компостирачки тоалети?
– Викенд куќи/планинарски домови/ домаќинства/изолирани куќи кои немаат септички систем.
– Викенд куќи/планинарски домови/ домаќинства/изолирани куќи кои немаат пристап до септички систем.
– Викенд куќи/планинарски домови/ домаќинства/изолирани куќи на кои приклучувањето на септички систем би им бил неисплатлив.
 
Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search