НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ПЛАНИНАРСКИ ПАТЕКИ – ПОВИК

 In Комисија за планинарски патеки, Новости

Почитувани планинари, членови на ФПСМ.

Комисијата за планинарски патеки (КПП) при ФПСМ со цел за воведување на добри пракси во планинарството организира Национален ден на планинарските патеки (НДПП) кој ќе се реализира со уредување и бележење на планинарски патеки на целата територија на Република Северна Македонија.

Националниот ден на планинарските патеки е од особено значење не само за ФПСМ и нејзините членки туку и за севкупното подигање на свеста за значењето на планинарската инфраструктура.

За таа цел во текот на месец Јуни КПП при ФПСМ  ќе организира онлајн информативна средба за сите членови на ФПСМ каде ќе се дадат основни информации и насоки за законската регулатива и правилата за маркирањето согласно Законот за планински патеки и Правилник за начинот на сигнализација и маркација, формата и содржината на сигнализација и маркација на планинските патеки и Прирачникот за маркацисти од ФПСМ.

Клуб кој што нема лиценциран маркацист а доколку сака да учествува на НДПП ќе биде поканет за учество со еден свој претставник на информативната средба во почетокот на месец јуни (дополнително ќе бидете известени за истата).

Воедно, клубовите кои ќе сакаат да земат учество на НДПП ќе треба  да ја пополнат електронската апликација кој е поставена онлајн на следниот ЛИНК (клик на линкот). Клубот кој аплицира може да аплицира само за една патека.

Во зависност од атрактивноста на предложената патека, вкупните доставени информации за патеката, бројот на пријавени клубови, КПП ќе направи селекција  на доставените апликации и во рамки на своите можности ќе достави материјална помош (бои, четки и ракавици) до избраните клубови.

Должност на избраните клубови ќе биде да ја информираат канцеларијата со краток опис на спроведената акција, поткрепена со фотографии од маркирањето и расчистувањето на патеките.   Истите тие описи ќе бидат објавени на Веб страната на ФПСМ, а водено за целиот овој настан ќе бидат информирани и Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, во чија надлежност е и спроведувањето на законот за планинарски патеки.

План за одвивање на активностите:

  • 02 јуни (известување за прифатени апликации)
  • 06 јуни 2023 онлајн Информативна сесија (дополнително на пријавените кандидати ќе се достави линк за инфосесијата)
  • 25 јуни крај на НДПП

(Во зависност од временските услови, можни се и одредени поместувања на планот за активности, за кои ќа ве известиме благовремено)

Ве охрабруваме да се пријавите за оваа активност и да дадете Ваш придонес кон побезбедни и подостапни планинарски патеки.

За дополнителни информации може да се обратите до КПП, chat na FB страната на КПП https://www.facebook.com/profile.php?id=100057636541646, како и електронски и телефонски или во канцеларијата на ФПСМ.

Комисија за планинарски патеки при ФПСМ

075 410 182 Симончо Симоновски 

071 275 280 Зија Јонузоски 

076 533 300 Бобан Стефановски

075 267 720 Ивица Бошков

078 455 966 Ристо Картов

 

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search