Огражден 2018 и 3-то коло планинарска ориентација

 In Новости

ПАОКлуб “ЕНТУЗИЈАСТ”-Струмица на ден 09.06 – 10.06.2017.(Сабота-Недела) го организира традиционалниот пролетен марш “Огражден 2018” на падините на планината Огражден и Ве покануваме на истиот со следната маршута:
Сабота 09.06.2017 год.
Собир и тргнување 09 часот Стар Сувилак-Пилана ,преку Безгаштево до Петлец- Малишевските планини(местото каде на 17.12.1906г. е убиен Даме Груев),1352 м.н.в. враќање туристичка населба Суви Лаки.Должината на патеката околу 27км. Одење 6-7 часа.Спиење туристичка населба Суви Лаки во шатори(секој да си понесе) и дел во викендици.
Недела 10.06.2017 год.
Тргнување од месноста Палазли 1140 м.н.в.во 09:00 часот преку месноста Караџовица 1245м.н.в., Вртешка, Студена Чешма 1415м.н.в., Кадан Чешма 1650м.н.в. и врв Огражден 1746м.н.в.Враќање од врвот Огражден во 13:00 часот преку Каден Чешма, Бела Чешма, Ѓорговски рид, Лазова Чешма, пристигнување во 15:00 часот туристичка населба Суви Лаки. Должината на патеката од Палазли до врвот Огражден изнесува 12 км. или одење 3 часа. Од врвот до Суви Лаки има 6 км. или 2 часа одење.
Може да пријавете учество и двата дена или само еден ден.
Секој учесник на маршот доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за својата психо-физичка кондиција..
Ве известуваме дека истиот период ќе се одржи во месноста Суви Лаки и второто коло од Државното Првенство во Планинарска Ориентација. Сабота ноќно натпреварување,Недела дневно натпреварување.
Организаторот ПАОК “ЕНТУЗИЈАСТ”-Струмица обезбедува:Два ручека за сите учесници. Прибор треба секој да си понесе.Пријавување најдоцна до 09.06.2017.Телефони за контакт: 070/535-688 Васко;077/ 610 602 Наце;070/200-848 Коле; 077/ 984 499 Душко.

Трето и четврто коло од лигата во планинарска ориентација

Третото и четвртото коло во Планинарска ориентација, во организација на Планиунарски клуб Ентузијаст – Струмица, поддржани од Федерација на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), се квалификации за Балканското првенство кое ќе се одржи во Македонија, Охрид, месец септември. Во него учество можат да земат екипи од сите планинарски клубови/друштва Република Македонија кои треба да се пријават до 07.06.2018год. на:
Е-пошта: contact@fpsm.org.mk ok.entuzijast@yahoo.com
Информации ФПСМ Данче 02/3165540 070350342 и Васе 070 535 688
За време на натпреварувањето забрането е користење на ГПС уреди и електронски системи.
Сместување во сопствени шатори и вреќи за спиење во викенд населба Суви Лаки, секој натпреварувач да си понесе прибор за јадење.

Програма

09.06.2018 Сабота
Старт Суви Лаки ноќно 20,30 часот
Цел Суви Лаки 23.оо часот
Вечера 19.оo до 20.оo часот
Тест од прва помош за време на стартот

10.06.2018 Недела
– Доручек 7.3o до 8.3o часот
Старт Суви Лаки 9,00 часот
Цел Суви Лаки 14,оо часот
Прогласување на резултати 14.3o часот
Ручек 15,оо часот
Затварање на натптреварот 15.30часот

ПРИЈАВА: Prijava-pl.orientacija-ograzden

Струмица 25.05.2018 Натпреварувачка Комисија
Васе Серафимовски
Љубенчо Јанев

 

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search