ПРЕПОРАКИ од Медицинската комисија при ФПСМ во врска со пандемијата КОВИД-19

 In Медицинска комисија, Новости

ПРЕПОРАКИ од Медицинската комисија при ФПСМ во врска со пандемијата КОВИД-19

Свесни сме дека препораките и мерките на Комисијата за здравство и препораките на Медицинската комисија при ФПСМ се непопуларни, во одредена мера асоцијални и рестриктивни и го реметат нормалниот тек на живиеење и активност на сите планинари. Од друга страна, земајки ја во предвид опасноста и сериозноста на заболувањето, Комисијата препорачува стриктно придржување кон овие мерки, а со цел запазување и зачувување на индивидуалното и колективното здравје. Планините и врвовите се тука и ќе останат тука со векови. Само ако останете здрави ќе можете повторно да се дружите со нив во поубави околности.

Затоа, добро проучете ги напатствијата и придржувајте се кон истите.

  1. Имајте на ум дека скоро 20% од популацијата на глобално ниво е инфицирана со вирусот. Тоа значи дека секоја пета индивидуа со која ќе бидете во контакт е потенцијала опасност да ја пренесе инфекцијата.
  2. Асимптоматските случаи се поголема потенцијална опасност за пренесување на инфекцијата бидејки не се свесни дека се инфицирани, а ниту вие можете да ги препознаете.
  3. Особините на вирусот, а особено касните последици од инфекцијата се сеуште неизвесни за медицинската наука. Да не се залажуваме дека голем број инфицирани со вирусот се асимптоматски или со лесна клиничка слика. Сеуште не знаеме дали инфекцијата може да предизвика подоцнежни последици на вашето здравје и/или здравјето на вашите потомци.

Препораки:

  1. Стриктно почитувајте ги мерките и препораките издадени од Владата и Министерството за здравство.
  2. Работата во Клубовите организирајте ја онлајн, вибер, месинџер, СМС или телефонски. Колку што е возможно избегнувајте директен контакт. Воколку организирате директен состанок или едукација, нека тоа биде на отворен простор со запазување на сите мерки (маска на лицето и носот, дистанца од најмалку 1,5 м, дезинфекција).
  3. Дозволено е организирање на планинарски акции и маршеви со запазување на претходно дадените напатствија: движење во групи од најмногу 20 планинари, растојание на групите 100-200 должни метри (3-5 мин одење), секоја група да има назначен водич (лиценциран водич или искусен планинар) кој меѓу другото е задолжен да го контролира спроведувањето на мерките. Во тек на одморите и паузите, да се задржи дистанца помеѓу групите (зависно од теренот) најмалку 20 м. Не е дозволено употреба на заеднички прибор или опрема, пиење од една чутура и сл. Во тек на маршот и планинарењето, не треба да се носи маска. Во тек на одморите,воколку може да се обезбеди дистанца од 1.5 м, исто така не треба да се носи заштитна маска. При други околности, организаторот и водичот ги диктираат правилата.
  4. Во тек на транспортот да се следат напатствијата од Комисијата за заразни болести.
  5. Планинарските домови можат да почнат со работа следејки ги напатствијата од Комисијата за заразни болести. Да не се дозволи групирање на повеќе планинари во затворен простор. Не се дозволува припрема и дистрибуција на храна во План.Дом. Може да се служат пијалоци во оригинална амбалажа. Спалните да бидат со редуциран капацитет и дистанца помеѓу лежаите и со отворени прозори зависно од временските услови. Задолжителна е употреба на сопствена вреќа за спиење воколку Домот не обезбедува чиста постелнина за секоја индивидуа посебно.
  6. Логорување во шатори е дозволено со придржување кон напатствијата и правилото “еден шатор-еден планинар”. Исклучок од ова се членови на иста фамилија или планинари кои и претходно живееле во иста просторија (цимери и сл.).
  7. Избегнувајте директни контакти со луѓето во населените места низ кои минувате.
  8. Организаторот на планинарската акција е должен добро да се запознае со епидемиолошката ситуација на теренот и за тоа да ги информира планинарите.
  9. ФПСМ ги суспендира сите планирани акции и експедиции надвор од границите на Македонија. Препорака до Клубовите е да не се планираат и изведуваат меѓународни акции и експедиции поради неизвесноста и брзата промена на епидемиолошката ситуација во целиот свет. Патувањето во странство може да ви донесе многу непријатни ситуации (затворање на аеродроми, затворање на граници, задолжителни карантини и сл.).
  10. Сватете ја ситуацијата како сериозна и однесувајте се одговорно!
Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search