Светскиот ден на планината, признанијата за 2017 година

 In Новости

Одбележан Светскиот ден на планината, традиционален настан на Матка на ден 10 декември 2017 година и проекции на врвни достигнувања во Кино Фросина, МКЦ на 11 декември 2017 година, со специјален гостин Бојан Петров, високогорец од Бугарија со искачени 10 врвови над 8.000 метри.

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија ги додели признанијата за 2017 година:

1. Плакета Даре Џамбаз,за животно дело на Гојко Геговски, за долгогодишна
активност и придонес за развивање на планинарството во Македонија,
2. Плакета Даре Џамбаз за врвно спортско остварување во планинарството
на Александар Кирковски
3. Плакета Даре Џамбаз за долгогодишна активност и придонес за
развивање на планинарството на Планинарското друштво Кожуф од
Гевгелија

Признание за постигнати извонредни резултати во планинарството за 2017 година им се додели на:
– клубот ПСД. Осогово од Кочани,

– Иван Трпков од ПСК. Димитар Илиевски – Мурато од Битола,

ФПСМ И КОМИСИЈАТА ЗА ВИСОКОГОРСТВО И ЕКСПЕДИЦИОНИЗАМ, додели Признанија и тоа на:

Кирил Филиповски – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв
Дејан Тодевски – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв
Марјан Бонев – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв
Александар Кирковски – Македонски брзински рекорд на Елбрус 5642 мнв
Неби Хоџа – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв
Игор Јовановски – Учество и логистика во акцијата “Алпи – Брзински искачувања 2017“
Александар Кирковски – Македонски брзински рекорд на Мон Блан 4810 мнв
Бојан Митаноски – Успешно искачување на насоката “Зидвандвехтер“ (600м M5 WI4+) на Гросглокнер
Саша Грбиќ – Успешно искачување на насоката “Зидвандвехтер“ (600м M5 WI4+) на Гросглокнер
Игор Радичоски – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
Петар Нолев – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
Илинка Ристевска – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
Влатко Крбалевски – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
Зоран Балуловски – Успешно искачување на Гросглокнер 3798 мнв
Здравко Дејановиќ – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв, Казбег 5033 мнв и Арарат 5137 мнв
Игор Марковски – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв, Казбег 5033 мнв и Арарат 5137 мнв
Марина Стојмирова – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв, Казбег 5033 мнв и Арарат 5137 мнв
Ивица Митровски – Принзнание за достигнувања во текот на 2017 година/пх
ВАК Анапурна – Клуб со најголем број високогорски искачувања во 2017 година
Ирина Дишовска – Успешно искачување на Елбрус 5642 мнв и Казбег 5033 мнв

ФПСМ упатува благодарност до Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт за континуираната поддршка на настанот, како и до Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот чиј директор Александар Донев не почести со своето присуство.

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search