ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРШ АЏИНА РЕКА 2019

 In Новости

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА 26-тиот ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРШ АЏИНА РЕКА 2019

Почитувани планинари, љубители на природата и добронамерници,
Планинарското друштво ПСК Бистра Гостивар со голема чест и задоволство Ве поканува на 26-тиот традиционален марш АЏИНА РЕКА 2019

Настанот ќе се одржи на ден 09.06.2019 год (Недела).

ПРОГРАМА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ

• 06:00 часот – Тргнување од пред Општина Гостивар со организиран превоз од ПСК БИСТРА Гостивар
• 06:30 часот – Собирно место во село Маврови Анови со останатите планинарски друштва , по што се упатуваме кон Торбешки Мост
• 08:00 часот – Старт од Торбешки мост 1394м.н
• Највисока точка на искачување – 2063 м.н.в по изминати 11,05 км
• Должина на патеката – 26 км
• Крајна цел – село Долно Јеловце 1053 м.н
• Свечен ручек во село Долно Јеловце
• Патеката е во еден правец, за секое возило потребен е шофер кој истото ќе го врати на целта во Д.Јеловце до кој има асфалтен пат.
• Карактеристики на патеката – Средно тешка

НАПОМЕНА
• Дополнителни информации и пријавување на учесниците и планинарски друштва (за точна бројка на планинари) е најдоцна до 07.06.2019 год (Петок) на тел: 075 433 781 Бобан Нанчески
• За сите оние кои немаат организиран превоз, ПСК Бистра ги организира од Гостивар до стартна позиција и од Долно Јеловце до Гостивар -цена 400 мкд. За сите членови на ПСКБистра кои уредно ја имаат платено чланарината за 2019 год превозот ќе биде на трошок на ПСК Бистра.
Места на кои можете да го пријавите вашето учество се :Блесок и Тобако Филип и Бато .
• Сите учесници треба да се психофизички и кондиционо подготвени, секој учесник зема учество на сопствена одговорност и одговара за својата психофизичка подготвеност
• Секој учесник потребно е да има соодветна планинарска облека според најавата за временската прогноза, задолжителна планинарска опрема (планинарски обувки, стапчиња ), крема со заштитен фактор, капа, наочари…доволно храна и вода од ранец до ручекот во с.Д.Јеловце
• Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките од организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици
• Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената акција, доколку учесникот и покрај препораките одлучи да продолжи сам одговара за евентуалните последици .

Со почит
ПСК Бистра Гостивар

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search