Бегово Поле 2014

 In Новости

ПСК Драчево има чест да Ве покани на традиционалната акција БЕГОВО ПОЛЕ:

Begovo Pole 2014

Петок-04.07.2014
17:00- Поаѓање со организиран превоз од Железничка станица(Транспортен центар) до рибник Принц- с.Алдинци
18:30- Пристигнување во рибник Принц, и по планинарска патека упатување кон п.дом Караџица
20:00- Пристигнување во п.дом Караџица, сместување на гостите
20:30-Заедничка вечера

Сабота-05.07.2014
06:00-Будење и појадок
07:00-Поаѓање кон Бегово Поле(Солунска Глава 2540 м.н.в.)
10.30-Пристигнување на Бегово Поле, по кратката пауза една група се упатува кон Солунска Глава, а друга група кон Јурукова Карпа и изворот на Кадина Река
12:00-Забава со музика
15:00-Тргнување кон п.дом Караџица
17:00-Пристигнување во п.дом Караџица заеднички ручек и пладневен одмор
19:00-Презентација на фотографии од историско значење за Планинарскиот спортски клуб Драчево
20:00-Почеток на заедничка планинарска забава

Недела-06.07.2014
Будење по желба
10:00-Кратка локална прошетка (Жаба-Река-Римска населба-дом Караџица)
15:00- поаѓање од п.дом Караџица кон рибник Принц
16:30-Поаѓање од рибник принц со организиран превоз кон Скопје
18:00-Пристигнување во Скопје( Железничка станица-Транспортен Центар)

НАПОМЕНА:

  • Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот ПСК “Драчево”.
  • Секое отстапување од програмата кое е без дозвола од организаторот го иззема истиот од било каква одговорност кон тие учесници.
  • Од организаторот ќе бидат обезбедени 2 оброци, Вечера во петок 04.07 и ручек во сабота 05.07. Останатите оброци сите учесници си ги носат и планираат сами.
  • Превозот, две ноќевања и 2 оброка во п.дом Караџица ќе чинат 900 денари
  • Превоз,две ноќевања и 2 оброка во шаторите сместени во дворот на п.дом Караџица ќе чинат 700 денари
  • Заинтересираните за турата можат дополнително да се информираат и закажат на телефон:
  • 070-621-234 и Spd_dracevo@hotmail.com
  • Организаторот го задржува правото за измени во програмата во зависност со условите на теренот.
  • Задолжителна резервација и плаќање до 02.07.2014-та

Програма ПРЕВЗЕМИ: Plan i programa za Begovo 2014

 

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search