UIAA Алпинистички вештини – како да се обезбеди мртво јаже

Помош и благо охрабрување се добредојдени кога групата се префрлува преку експониран сектор, каде падот може да биде сериозен, или може да поставите сигурносна линија или фиксно јаже. Во двата случаи не двоумете се да ги обезбедите понеискусните или помалку вештите планинари при пад.

Слика 1 фиксирање на полу-лагерски јазол

Сигурносна линија се поставува со фиксирање на јаже на постоечко осигурувалиште на клин или бушен клин или со фиксирање(со врзување или со обиколен јазол (girth-hitching))гуртни околу природни осигурувалишта како дрва или карпи . Планинарот ја користи сигурносната линија како ограда на скали.

Слика 2  Јазол пеперутка

Фиксирајте го крајот на јажето со осумка и во зависност од условите на теренот употребете јазол пеперутка или лагерски јазол меѓу-осигурителните точки.

Слика 3 Безбедносна линија

Фиксно јаже

Може да употребите фиксно јаже за да поминете кратки,стрмни делови без да употребувате техника за качување. (Повеќето пешачки патеки ретко поминуваат низ предел кој бара употреба на раце)

Фиксирајте го јажето за солидно сидриште ( на пр. дрво) со гуртна,  карабинер со матица и јазол „осумка“. Ако се сомневате во безбедноста на сидриштето – Ако е на  шилеста карпа, танко дрво, несигурни стари ковани клинови итн.- зацврстете го користејќи ги сите други безбедносни опции.

Во идеален сучај користете дупла 8ка која ви овозможува директн да се врзите на 2 или 3 сидришни точки истовремено.

Share This: