Зачленување во ФПСМ
Основните планинарски организации (спортските клубови), во почетокот на секоја година, а најкасно до почетокот на месец април во тековната година, на сметката на ФПСМ уплатуваат паричен надоместок на име годишна членарина, во износ кој се определува со одлука на Претседателството на ФПСМ.
При регистрација на НОВ спортски клуб во ФПСМ, се наплатува одреден финансиски надомест (100 евра во денарска против вредност), на име администраторски трошоци за регистрација.
Годишната членарина за тековната 2019 година, изнесува 100 евра во денарска против вредност.
Со оваа уплата, основните планинарски организации се стекнуваат со право да подигнуваат маркички, во зависност од бројот на нивните членови, без посебен надомест за секоја подигната маркичка и да ги издаваат на своите членови, по цена што ќе ја утврди нивниот орган на управување.
Основните планинарски организации, при издавањето на членските маркички за тековната година, задолжително ги осигуруваат своите членови од можен ризик во спортот.
ФПСМ издава членски книшки. Цената на членската книшка ја утврдува Претседателството на ФПСМ со одлука.
Жиро сметка
ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПЛАНИНАРСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
300 000 000 754 114
Комерцијална банка - АД Скопје