Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/fpsmorgm/public_html/wp-content/themes/jupiter/jupiter/framework/includes/minify/src/Minifier.php on line 227
UIAA – Федерација за планинарство на Северна Македонија

Меѓународната асоцијација за планинарење и качување карпи (International Climbing and Mountaineering Federation, или на француски, Union Internationale des Associations d'Alpinisme, UIAA) е формирана во август 1932г. во Шамони, Франција. Моментално УИАА застапува 90 асоцијации од 67 држави на шест континенти во кои членуваат повеќе од 3 милиони луѓе, а Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) е член на УИАА од 1999 г.

УИАА го промовира планинарството и качувањето карпи ширум светот преку:

  • зачувување на духот и традициите;
  • унапредување на безбедноста и етиката во планинарењето;
  • промовирање на одговорен пристап, култура и заштита на околината;
  • поддршка на учеството на младите и на олимпиското движење.

УИАА има своја структура (април 2022). Извршен Одбор од 7 луѓе, со Претседател, Петер Мјуир од канада, Потпретседателка Зољаргал Банзрагч од Монголија, и членови од Белгија, Индија, Аргентина, Иран и Франција. Управувачки Комитет во кого се членовите на Извршниот Одбор, претставници на петте најголеми членки, по еден претставник од секој континент и претставници избрани на Генералното Собрание на УИАА. Работата на УИАА се изведува преку активностите на комисиите за: антидопинг, искачување по мраз, планинска медицина, заштита на планините, Комисија за планинарење, за безбедност и за млади, како и работните групи за пристап до планините, за правни аспекти и за обуки.

Безбедноста е основниот столб на УИАА. УИАА ознаката за безбедност на опремата за планинарење или качување е потврда за највисок светски стандард за безбедност. А, ознаката, воспоставена во 1960 година, ја има на повеќе од 2.000 артикли на опрема за качување и планинарење што ја продаваат повеќе од 70 производители низ целиот свет, вклучувајќи ги: Camp, Black Diamond, Mammut, Ortovox, Petzl, Rock Empire, Simond, Salewa, Trango, Stubai и многу други.

Обуката е една од главните услуги што ги нуди УИАА. УИАА ознаката за безбедност при обука е меѓународно призната акредитација и шема за сертификација што ги проверува и врши процена на програмите за обучување и оценување на организациите членки на УИАА. УИАА штотуку ја промовираше интернет платформата за обуки преку која ќе се изведуваат дел од обуките и ќе се доделуваат сертификати за завршена обука.

Што може да се најде на интернет страната на УИАА? www.theuiaa.org

Многу информации за планинската медицина, за обуките за водичи на планина, за опрема која е повлечена од употреба, за натпревари во искачување на мраз, за проекти за заштита на планините, за Sky Running, за младински активности на планина, за одговорен пристап до планините и качувачките локации, и за анти допинг. УИАА промовира иницијативи за Заштита на планините и доделува награди за проекти за заштита на планините, организира онлајн семинари – Вебинари за работниците на планините, за жените на планина кога беа промовирани видео записите за качувачки и планинарки од Македонија, Балканот и светот снимени на иницијатива на нашата Илина Арсова.

Со залагање од доброволци на ФПСМ, дел од тие интересни теми се преведени и на македонски јазик.

  1. Совети за жени кои искачуваат големи надморски височини.
  2. Деца на планина.
  3. Дезинфекција на вода на планините.

И многу интересни написи за планинска медицина на теми:

  1. Проблеми со очи во тек на експедициите.
  2. Ефектот на екстремните температури врз лековите.
  3. Златни правила за планинари почетници.
  4. УИАА совети: десет работи што треба да се имаат предвид кога купувате опрема за качување.
  5. Предности и недостатоци од користењето на стапчињата за планинарење.

 

 

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search