OСНОВИ НА ДВИЖЕЊЕ НИЗ ПЛАНИНА

Во оваа книга е собрано основното знаење за движење низ планинакое, врз основа на повеќедецениското искуство, го имам стекнато со одење и со искачување, со едуцирање и со оспособување на почетници и врвни алпинисти, како дома така и во странство, како и од друга литература, а убеден сум дека тоа треба да го знае секој кој сака релативно безбедно да се движи низ планините во сите годишни времиња. – Бојан Полак
_______________________________________________

МЕДИЦИНСКО САНИТАРЕН ПРИРАЧНИК ЗА АЛПИНИСТИ И ПЛАНИНАРИ

Прирачникот е напишан од Проф. Др. Јовица Угриновски

На 135 страни во Прирачникот има детални информации за разни типови повреди, реанимација и потребната санитетска опрема. Ќе прочитате информации за алергии, труења, каснувања од инсекти и змии и висинска болест. Ќе се запознаете со потребните хигиенски мерки во тек на планинарски марш, со контролата на здравствената состојба и со потребната психичка подготвеност. Ќе прочитате за транспорт, облека и исхрана, за средства за дезинфекција и завои, логорување и бивак.

_______________________________________________

ЗА БЕЗБЕДНО ДВИЖЕЊЕ НИЗ ПЛАНИНА

Брошурата е збир на основните документи, препораки и упатства за безбедно планинарење. Во неа ќе го најдете Кодексот на честа на македонските планинари. Ќе прочитате информации за безбедно движење на терени со и без снег и за препорачаниот број на учесници на акција. Ќе се запознаете со одговорностите и должностите и на учесниците и на водичите на акциите. Ќе прочитате како се употребуваат мобилните телефони и радио станици на планина, како и за потребната лична санитетска опрема на планина. Ќе се запознаете со типовите планинарски патеки, носењето соодветна опрема по нив, како и со предностите од зачленувањето во планинарските клубови.

Повеќе информации и набавка на книгите во канцеларија на ФПСМ