Едукација

Планинарење – Прирачник – Лето

Прирачник за планинари, качувачи и алпинисти. Референтен учебник за водичи и инструктори. Во четирите модули во прирачникот: Основи, Планинарење, Качување и Алпинизам, се прикажани прифатени техники за летни активности што треба да се научат и да се совладаат преку соодветен технички тренинг под надзор на инструктор.

Број на страници: 402

Автор: УИАА и Фондацијата ПЕЦЛ

Цена: 800 денари за членови на планинарски клубови регистрирани во ФПСМ, 1200 денари во книжарници и онлајн продажба.

Основи на движење низ планина

Учебник за безбедно движење низ планина во суви и снежни услови; облека и опрема и начини на употреба; искачување по карпи; јазли; опасности на планина; краток речник на планинарски изрази

Број на страници: 168

Автор: Бојан Полак

Цена: 300 денари

 

Медицинско санитарен прирачник за алпинисти и планинари

Прирачник за медицински и санитарен аспект на алпинизмот и качувањето. Превентива, начин на спречување на несакани повреди и заболување, како и начин на лекување.

Број на страници: 135

Автор: Проф. д-р Јовица Угриновски

Цена: 150 денари

 

Брошура Безбедно движење низ планина

Збир на текстови за безбедно движење низ планина во летни и зимски услови, Кодекс на македонските планинари

Број на страници: 38

Автор: ФПСМ

Цена: 150 денари

 

 

Share This:

2 Comments

  1. Здраво,
    Ме интересира каде поточно можам да ги набавам двете книги “Основи на движење во планина” и “МЕДИЦИНСКО САНИТАРЕН ПРИРАЧНИК ЗА АЛПИНИСТИ И ПЛАНИНАРИ” и која е цената на книгите?

    Благодарам однпред

  2. Здраво Александар, најдобро е да се јавиш во канцеларија на ФПСМ, или на нивниот маил.
    ++ 389 2 3165 540
    ++ 389 2 3165 540
    contact@fpsm.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *