ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА ПЛАНИНАРСКИ ПАТЕКИ
Почитувани,
За потребите на Федерација за планинарство со подршка на „Министерство за животна средина и просторно планирање (https://www.moepp.gov.mk/), изработен е регистар за планинарски патеки на територијата на Република Северна Македонија. Заинтересираните клубови и членки на ФПСМ на овој начин ќе можат да ја попполнат електронска форма за планинарска патека и на тој начин да влезат во регистерот на планински патеки. Пополнетите податоци за патеката по разгледувањето на КПП (Комисија за планинарски патеки на ФПСМ) ќе бидат понатаму проследени до МЖСПП и по добивање на позитивно решение, патеките ќе бидат објавени на веб страната на ФПСМ како патеки сертифицирани од МЖСПП. Сертифицираните патеки – односно домаќините на патеките ќе имаат можност за вклучување во различни проекти, како и финансиска помош при нивно означување и обновување.
Се надеваме дека на овој начин ќе ја подобриме состојбата на планинарските патеки и ќе ги направиме полесно достапни и побезбедни за сите корисници.
Подржано од:
Министерство за животна средина и просторно планирање
НП ШАР ПЛАНИНА
Врвот Љуботен зазема најистакната положба на целото шарпланинско било, а највисок е врвот Титов Врв – 2.748 м. Најпознати врвови на Шара се: Титов Врв (2748 м), Мал Турчин (2702 м), Бакрдан (2700 м), Љуботен (2499 м), Ливадица (2491 м), Пирибег (2524 м), Езерца (2604 м), Чаушица (2640 м), Бистрица (2540 м), Црн Врв (2580 м), Вртоп (2555 м), Кобилица (2526 м), Големо Шилиџе (2502 м), Караникола (2479 м), Караташ (2478 м), Скакало (2494 м), Голем Срт (2520 м), Плоча (2467 м), Церипашина (2525 м), Карабунар (2565 м), Син Врв (2550 м), Казани (2567 м), Џинибег (2610 м), Трапезница (2599 м), Брустовец (2675 м), Расенгул (2383 м), Лера (2197 м) итн.
На Шар Планина има огромен број на извори. Најзначајни се изворите на тетовска Пена, а најатрактивни се изворите на Камењанска Река кои сочинуваат систем од 8 извори, а целата широчина на извориштето изнесува 28 м, кои се наоѓаат на надморска височина од 2100 м. Сепак, најпрочуен и најсилен и изворот на реката Вардар – Вруток. (700 м н.в. и 50 м ширина).
Шар Планина или скратено Шара (албански: Bjeshkët e Sharrit или Sharrа, латински: Mont Skardus) — еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на земјата, на границите со Косово и Албанија.
Самата планина зафаќа повшрина од 1.600 км2. 56,25% од самиот масив ѝ припаѓа на Македонија, 43,12% на Косово, а останатиот дел од 0,63% на Албанија.
Нејзината должина изнесува 80 км, а широчината од 10 до 25 км. Пространото планинско било го сочинуваат две големи и пространи висорамнини – Враца и Рудока.
Шар Планина се наоѓа во северозападниот дел на Македонија. Шарпланинскиот масив се протега во правец североисток – запад – југозапад во должина од 76 км. Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар – Вруток, а на запад – надвор од територијата на Македонија, со Сириничката Жупа, реката Призренска Бистрица и нејзината долина, и жупите Гора и Ополе во Косово; додека пак, во Албанија се простира од планината Калабак до Шерупа. Вкупната ширина изнесува од 10 до 25 км, а вкупната површина што ја зафаќа шарпланинската област изнесува 1.600 км2.
Најпознат и најголем водопад е тој на Беловишка Река кој има пад од 43 м. Втор е водопадот кај Лешница со пад од 25 м во близина на Титов врв.
Боговињското езеро е најголемо и се наоѓа во близина на врвот Бориславец на 1936 м н. в., има површина од 66.800 м2, ширина од 225 м, должина од 452,5 м., длабочина од 4,5 м, а при намален водостој, длабочината се намалува до 2,2 м. Се наоѓа во пределот наречен Мала Смрека. Второ е Црното езеро, се наоѓа на 2.122 м н.в., има обем од 825 м, зафаќа површина од 33520 м2, долго е 248, а широко 185 м. Се наоѓа во карпест базен, со ниски и проодни брегови и мирни линии, со исклучок на северниот дел. Трето е Караниколичко езеро или познато и како Голем Ѓол. Toa е едно од поизразитите езера на Шара, и се наоѓа на караниколскиот простор на н.в. од 2.180 м. Има површина од 26 240 м2, долго е 290, широко 115, а длабоко 5,5 м.
На Косовска страна најпознати се Ливадичкото езеро (2173 м) во близина на врвот Ливадица, Јажинското езеро (2180 м) во близина на врвот Езерска Чука, Големото езеро (2400 м) во близина на врвот Бистрица и др.
Патека од Попова Шапка преку Церипашина, Антени, Син Врв, Карабунар, Бакардан
НП ПЕЛИСТЕР (БАБА ПЛАНИНА)
НП МАВРОВО
ВО ПОДГОТОВКА
ВО ПОДГОТОВКА
НП ГАЛИЧИЦА
МАГАРО – ГАЛИЧИЦА
Max elevation: 2252 m
Min elevation: 1565 m
Total climbing: 675 m
Download file: GALICICA%20PREVOJ%20-%20MAGARO.gpxГаличица — висока планина во Македонија.[1] Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк. Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Македонија, се карактеристика по положбата што ја зазема меѓу двете најголеми езера во земјата — Охридското и Преспанското. Забележителна е по празгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици како длабоки долови, разни карстни образби и групата Галичички езера од ледничко потекло.[2] Географската положба на паркот е 40°59’ СГШ 20°52’ ИГД.[3]
Најниска точка е нивото на Охридското Езеро 695 м.н.в. и нивото на Преспанското Езеро 850 м.н.в., а највисока врвот Магаро 2255 м.н.в. Планината Галичица има развиен релјеф со длабоки долови и стрмни падини кон двете езера. Поради релјефните карактеристики, единствениот масив на Галичица поделен е на четири засебни делови.
Делот јужно од Зли Дол се именува како Стара Галичица. Тоа е највисокиот и најмаркантниот релјефен дел на националниот парк. Неговите страни стрмно се отсечени кон езерата и избраздени се со суводолици што на планината и дава изглед на непристапност. Во неговиот централен дел оформено е широка висорамнина со надморска висина поголема од 2000 м. На него се застапени скоро сите површински карстни облици. Јужно од овде, масивот продолжува во Сува Гора во Мала Преспа на територијата на Албанија.
На север од него се наоѓа делот Галичица. Највисокиот врв Вакоски Гној има централна положба и висина од 1999 м. Во овој дел ширината на планината е најмала (9,75 км). Падините кон Охридското Езеро се стрмни и слични со оние од претходниот дел, додека источните падини поблаго се спуштаат кон Преспанското Езеро. Платото во централниот дел е на висина од околу 1400 м. и на него се оформени четири карстни полиња.
Остатокот од масивот меридијански е поделен на два дела и тоа Петрино кој гравитира кон Охридската и на исток кон Преспанската Котлина.