АКТИВНОСТИ НА ОТВОРЕНО ВО ОКТОМВРИ 2017

· Во текот на октомври 2017 планинарите и планинарските тркачи се искачија (трчаа) на: врвови на Пирин, Јакупица, Олимп, Комови, Проклетије, Шар Планина, Стогово, Кораб, Јабланица, полумаратони (Шри Чинмој во Скопје, Загреб, Софија), итн.

· На 1 октомври 2017 година, планинарското друштво Argentus Mount од Тетово, повторно одржа планинарско – работн аакција за транспорт на 300 кг песок од кота 2.370 м., во подножјето на врвот Мал Турчин, до кулата на врвот Титов Врв (2.747 м.).

· На 1 октомври 2017 година планинарското друштво ЗПЗП Козјак 2013 од Куманово на планината Козјак, над село Малотино, а покрај патеката кон врвот Китка, засадиле 100-тина зимзелени садници, а заедно со волонтерите од ЦИД Куманово и Црвен Крст Куманово, однеле и три дрвени клупи направени од палети.

· Како дел од процесот за здобивање на лиценца за планинарски водичи, Приправнички акции одржаа: Калина Велевска, Вело Стојановски, Бојан Стојчевски, Марјан Савески, Марио Шаревски, Давор Јанкуловски, Соцко Тасевски, со менторите: Тодорче Георгиев, Владимир Трпковски, Зоран Костадинов, Бобан Стефановски, Ѓорѓи Петровски, Александар Стојановски.

· Меѓу 6 и 8 октомври 2017 вo Рајац, Република Србија, се одржа меѓународен натпревар во планинарска ориентација – BMUMOC 2017, на кого, меѓудругите, учествуваа и 23 натпреварувачи од Македонија предводени од селекторот на македонската репрезантација Душко Бошковски.

· На 9 октомври во просториите на ГЕМ, Менада, Скопје, беше одржано предавање во организација на ПЕД „I love hiking“ на кого приправникот планинарски водич Владимир Хари Крстевски зборуваше на темата „Основи на планинарење“.

· Меѓу 24 и 27 октомври во Скопје се одржа осмото издание на ЕХО Фестивал на планински филм на кого беа прикажани 40-тина филмови со планински теми.

· На 28 и 29 октомври, во организација на ФПСМ беше одржана обука „Обнова на лиценците на планинарските водичи“ на која присуствуваа 17 учесници од Скопје, Делчево, Крива Паланка, Тетово, Куманово, Велес. Предавачи беа Живко Темелковски, Петар Герасимов, Виктор Антовски, Александар Кирковски и Стојан Хаџијевтимов. Координатор на обуката беше Горан Тинтоски.

· За првпат, на 21 и 22 октомври 2017 ПСК „Драчево – Филип Чакаров” го организираше меморијалниот дводневен марш во чест на прерано заминатиот “Човекот планина” Филип Чакаров.

· Во организација на ФПСМ беа изведени една презентација „Македонски планинарски трансверзали“ и една работилница „Движи се безбедно низ македонските планини“

· Во текот на одржувањето на одржувањето на „Мотивацискиот викенд на ФИНКИ“ на кој присуствувале шеесетина студенти од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, ПД Трансверзалец одржал неформална презентација/дискусија на тема планините и планинарењето во Македонија, како и неколку пократки тури/прошетки со цел запознавање на околината на Попова Шапка и пределот „Јелак“.

Комисијата за планинарски водичи ги поттикнува сите да ги споделуваат своите групни и лични планинарски активности на интернет страната или на FB профилот на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).

При вашите активности на планина обрнувајте големо внимание на безбедноста.

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search