ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА! ПРОБЛЕМ СО ДЕРЕЗИТЕ ,,CLIMBING TECHNOLOGY,,

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА!
ПРОБЛЕМ СО ДЕРЕЗИТЕ ,,CLIMBING TECHNOLOGY,, СО СЕРИСКИ БРОЈ No. 7/12.
Фирмата CLIMBING TECHNOLOGY утврдила грешки во пластичните делови (врските) во некои примероци на дерезите со сериски број No. 7/12. Пластичните делови (кај прстите и на петата) неочекувано се кршеле и ја ограничувале нормалната и правилна употреба на дерезите. Ако приметите пукнатина на пластичните делови, дерезите веќе не се погодни за употреба.
Бројот на серијата (No. 7/12) е испишан со ситни букви на пластичните делови на места прикажани на сликите со стрелка. Ако имате дерези со наведениот сериски број, веднаш известете го продавачот или дистрибутерот на дерезите и ќе добиете други, безбедни дерези.

ПОВЕЌЕ превземи: Проблем со дерезите Climbing Technology – No 7-12

Recent Posts