Зимско искачување на Арарат

БМУ експедиција 2015: Зимско искачување на Арарат 5137 мнв

Комисијата за високогорство и експедиционизам при ФПСМ ве известува дека во периодот 05.02-12.02.2015 во рамки на БМУ (Балканска планинарска унија) и организациски покриено од турската планинарска федерација ќе се организира зимско искачување на планината Арарат 5137 мнв во Република Турција.

ФПСМ може да пријави најмногу четири планинари од Македонија за учество на оваа експедиција, а за учество на истата може да аплицираат планинари-членови на клубовите во рамки на ФПСМ. Аплицирањето се врши со испраќање на кратка планинарска биографија (општи лични податоци и планинарско искуство) на е-маил адресата на ФПСМ: contact@fpsm.org.mk.

  • Условот за аплицирање е заинтересираните кандидати претходно да имаат искачено врв над 4500 мнв.
  • Истите да бидат во одлична психо-физичка кондиција
  • Предност имаат оние високогорци кои во последниве пет години имаат континиутет во реализирани свои високогорски акции, искачиле и биле на што повеќе високогорски експедиции
  • Крајниот рок за аплицирање е 13.01.2015 година

Искачувањето ќе се реализира од северната страна на планината преку Иџдир.

Напомена: Искачувањето на планината Арарат во зимски услови е сериозен потфат, во текот на експедицијата ќе се поставуваат три кампови на планината (2750м, 3700м, 4200м) а целата опрема и храна ја носат самите учесници. Целокупната лична и камп опрема потребно е да биде соодветна за студено време и силни ветрови. Од техничка опрема секој учесник треба да поседува: цепин, дерези, појас, планинарски стапчиња, шлем.

Вкупните трошоци по учесник изнесуваат околу 400 евра и истите ги сносат учесниците во експедицијата.

ПРОГРАМА И АПЛИКАЦИЈА превземи од:  http://bmumagazine.com/Post.aspx?PostID=251

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search