ИЗВЕШТАЈ ЗА ОБУКА НА ПЛАНИНАРСКИ ВОДАЧИ

Од 22 до 26 мај 2019, 24 кандидати од Македонија и од Црна Гора, членови во седум планинарски друштва регистрирани во ФПСМ, присуствуваа на седмата по ред обука за планинарски водичи во организација на ФПСМ. Обуката се одржа на Баба Планина во и во околината на хотелот Молика. Во програмата за обука на планинарските водичи беа вклучени 10 теми, со теоретски и практичен дел во вкупно траење од 40 часа. Работата на терен опфати: движење по различен терен и водење на групи, користење на техничка планинарска опрема, ноќна ориентација, изработка на сидришта од природни и вештачки точки на обезбедување, искачување и симнување по карпи, изработка на огради од јаже, користење на компас, мапи, ГПС апликации и уреди.
Во просек, овогодишната обука од страна на учесниците беше високо оценета со следните оцени:
• Просечна оценка за темите 4.8
• Просечна оценка на предавачите 4.72
• Оценката за местото на организација на настанот 4.96
• Оценката за севкупната организација на настанот 4.79

Дел од коментарите од учесниците:
• Одлична обука, динамична, многу инструктори, мешани групи, одлично сместување, храна, место за пракса.
• Пoотребна е поголема дисциплина на кандидатите.
• Ориентацијата да опфати детално читање на мапата.
• Потребен е дополнителен ден за обуката.
• Инструкторите да даваат исти основни информации за практичната работа, и да споделуваат свои искуства во текот на праксата.
• Да се организира заедничка пракса и во периодот до Испитот.

Recent Posts