Нови изданија на ФПСМ: Медицинско санитарен прирачник за алпинисти и планинари и Безбедно движење низ планина

За сите планинарки и планинари!!!

Нови изданија на ФПСМ: „Медицинско санитарен прирачник за алпинисти и планинари“ и брошура „Безбедно движење низ планина“.

Купете ги обете изданија заедно за 300 денари.

Со сигурни чекори низ планините.

 

МЕДИЦИНСКО САНИТАРЕН ПРИРАЧНИК ЗА АЛПИНИСТИ И ПЛАНИНАРИ

Прирачникот е напишан од Проф. Др. Јовица Угриновски

На 135 страни во Прирачникот има детални информации за разни типови повреди, реанимација и потребната санитетска опрема. Ќе прочитате информации за алергии, труења, каснувања од инсекти и змии и висинска болест. Ќе се запознаете со потребните хигиенски мерки во тек на планинарски марш, со контролата на здравствената состојба и со потребната психичка подготвеност. Ќе прочитате за транспорт, облека и исхрана, за средства за дезинфекција и завои, логорување и бивак.

ЗА БЕЗБЕДНО ДВИЖЕЊЕ НИЗ ПЛАНИНА

Брошурата е збир на основните документи, препораки и упатства за безбедно планинарење. Во неа ќе го најдете Кодексот на честа на македонските планинари. Ќе прочитате информации за безбедно движење на терени со и без снег и за препорачаниот број на учесници на акција. Ќе се запознаете со одговорностите и должностите и на учесниците и на водичите на акциите. Ќе прочитате како се употребуваат мобилните телефони и радио станици  на планина, како и за потребната лична санитетска опрема на планина. Ќе се запознаете со типовите планинарски патеки, носењето соодветна опрема по нив, како и со предностите од зачленувањето во планинарските клубови.

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search