Покана: планинарска тура Китка – Козјак, Куманово

Планинарскиот клуб Козјак – 2013 од Куманово, Ве поканува на шестата традиционална планинарска тура на планината Козјак, која оваа година ќе ја организираме на ден 31.03.2019 година.
Стартот ќе биде од селото Пелинце, преку селото Враготурце по нова, маркирана и убава патека, каде под врвот Китка, кај граничниот камен се спојува со старата патека и продолжува до врвот. Од врвот Китка до с. Пелинце се враќаме по добропознатата патека преку врвот Големи Уши. Должината на целата тура е 16 км, со висинска разлика од 800 метри, и е класифицирата како средно-тешка тура, за која е потребна добра психофизичка кондиција.

ПОВЕЌЕ ПРЕВЗЕМИ ПОКАНА: zpzp-kozjak-2013-pokana-za-klubska-tura-kitka-2019

Share This:

Scroll to Top