ПО ТРАСА НА ГАСОВОДОТ

1 јуни 2019 “ПО ТРАСА НА ГАСОВОДОТ” – ПЛАЧКОВИЦА
Традиционална еднодневна републичка акција во организација на ПСК МАКПЕТРОЛ Скопје. Акцијата ќе биде изведена на планината Плачковица над Штип.

П Р О Г Р А М А:
1 јуни 2019 (сабота) – Во 6ч. поаѓање на автобусите од жел.станица – паркинг пред Пошта. Околу 8.30ч. пристигање кај шумската куќа над планинарскиот дом “ВРТЕШКА” на 1200м.н.в.
Во 9ч. во организирана колона поаѓање кон репетиторот “ТУРТЕЛ”1689м.

Одмор заради сликање и опуштање. Потоа продолжување на пешачењето до месноста “ЦРКВИШТЕ”. Од таму спуштање до планинарскиот дом ВРТЕШКА каде за учесниците ќе биде поделен ручек – планинарско гравче.
После 17ч. заминување за Скопје.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАТЕКАТА: Средно тешка патека. Должина околу 15км. Висинска разлика околу 500м. Пешачење околу 5 часа. Погодна за сите категории на учесници.
ПОТРЕБНА ОПРЕМА: Стандардна планинарска опрема прилагодена на временските услови: планинарски кондури, гамашни, кабаница за дожд, стапчиња, мал ранец со малку храна, 1.5л. вода.

ПРИЈАВУВАЊЕ и УПЛАТА: до пополнување на автобусите. Тел. 070 725-880.
ВОДАЧИ: Лиценцираните водачи од ПСК МАКПЕТРОЛ и водачи од ПД ЛИСЕЦ од Штип.
НАПОМЕНА: заради очекувана поголема масовност учесниците се должни да се придржуваат кон советите и наредбите на водачите и да не се одалечуваат од колоната.

Share This:

Scroll to Top