Практична обука за планинарски водичи – жени, во Категорија А1

 In Комисија за планинарски водичи, Најава, Новости

Од 3 до 7 септември 2020 година, ФПСМ во соработка со UNDP подготви и изведе практична обука за планинарски водичи - жени, во Категорија А1 (Планинарење по лесни патеки во летни услови)..

На практичната обука во Националниот Парк Пелистер, учествуваа 27 кандидатки од Охрид, Тетово, Куманово, Кочани, Гевгелија, Прилеп, Битола и Скопје.

Подготовката за практичната обука траеше од април до август 2020 година, кога поради пандемија на Ковид – 19, дел од предавањата беа извршени преку видео средби, средби во живо во мали групи и самостојна изведба на практични задачи.

Обуката беше дел од УНДП проектот ПОДОБРУВАЊЕ НА УПРАВУВАЊЕТО СО ЗАШТИТЕНИТЕ ПОДРАЧЈА чии главни цели се подобрување на управувањето со заштитените подрачја, промоција на одржливо користење на природните ресурси и практичен пример дека заштитата на природата и економскиот развој на локалните заедници се взаемно поврзани.

Со оваа обука се таргетираше недостатокот на планинарски водичи - жени со што се поттикнуваат жените за активно учество во активностите на Националните паркови и заштитените подрачја.

 

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search