ПРВЕНСТВО ВО ПЛАНИНАРСКА ОРИЕНТАЦИЈА, 28 – 30 СЕПТЕМВРИ 2018, ОХРИД, Р. МАКЕДОНИЈА

ПРВЕНСТВО ВО ПЛАНИНАРСКА ОРИЕНТАЦИЈА – БПУ – МОШ 2018
28 – 30 СЕПТЕМВРИ 2018, ОХРИД, Р. МАКЕДОНИЈА

Првенството во ,,Планинарска ориентација,, е меѓународен натпревар кој се одржува трета година по ред. Првиот натпревар беше оддржан во 2016 година во Покљука – Словенија, вториот натпревар беше одржан 2017година во Рајац – Србија. Годинешниот трет по редослед натпревар се оддржа од 28 до 30 Септември 2018 на падините на планината Галичица, а домаќин на натпреварот беше Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. На натпреварот учествуваа 80 натпреварувачи од Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија.

Јуниорите и пионерите на Македонија, го овоија првото место во категоријата, сениорите ги освоија четвртото и седмото место, додека возрасните го освоија второто и петото место во категоријата. Во целокупниот пласман тимот на Македонија го освои првото место.
___________

Планинарски ориентационен натпревар, претставува натпревар во кој треба да се истакнат знаењето и вештините во ориентација, движење и снаоѓање во просторот на непознат ридест или планински терен, со употреба на топографска карта и компас од страна на натпреварувачите. Планинарските ориентациони натпревари се екипни (мин. три члена) и вклучуваат употреба на комплетна планинарска опрема. Екипите се натпреваруваат во четири категории пионери, јуниори, возрасни и сениори, независно од полот на кандидатите.
Натпреварувачите го покажуваат своето знаење на ноќно и дневна планинарска трка, тестирање на знаењата во давање на прва помош, користење на јазли, тестирање на општото знаења од планинарство, ориентација и топографија.

ИЗВЕШТАЈ

ПЛАСМАН ПО КАТЕГОРИИ

КАТЕГОРИЈА ТИМ ЗЕМЈА ВКУПНО БОДОВИ

Пионери 41 МАКЕДОНИЈА 800
42 СРБИЈА 560
——————————————————————————————————————-
ЈУНИОРИ 30 МАКЕДОНИЈА 1093
32 СЛОВЕНИЈА-2 1073
31 СРБИЈА 1060
33 СЛОВЕНИЈА-1 831
——————————————————————————————————————-
СЕНИОРИ 12 СРБИЈА-1 1627
18 СЛОВЕНИЈА-1 1537
17 СЛОВЕНИЈА-2 1535
11 МАКЕДОНИЈА-2 1526
13 СРБИЈА-2 1520
16 БОСНА И ХЕРЦЕГ 1458
10 МАКЕДОНИЈА-1 1428
14 ЦРНА ГОРА-1 1426
19 СЛОВЕНИЈА-3 1417
15 ЦРНА ГОРА-2 346
———————————————————————————————————————–
ВЕТЕРАНИ 21 СРБИЈА-1 1138
25 МАКЕДОНИЈА-2 1058
23 ЦРНА ГОРА 1021
24 СЛОВЕНИЈА 1009
20 МАКЕДОНИЈА-1 988
22 СРБИЈА -2 955

ВКУПЕН ПЛАСМАН
I МАКЕДОНИЈА 6894
II СРБИЈА 6861
III СЛОВЕНИЈА 5986
IV ЦРНА ГОРА 2773
V БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 1458

Шампионатот во планинарска ориентација, се одржа на падините на планината Галичица од с.Рача до с. Горно Коњско.
Во Петокот екипите пристигна во договореното време. Пријавување и сместување, вечера.
По вечерата беше отварањето на Шампионатот. Прв присутните ги поздрави зам. градоначалник на Охрид, кој им посака убав престој и успешни резултати.
Шампионатот го отвори Претседателот на ФПСМ , Јовица Угриновски кој им
посака успех на натпреварувачите во натпреварувањето, а на сите гости добро
дружење.
Од 21 часот сите екипи одговараа писмено на тест од повеќе области од планинарството,
Вкупно 26 прашања.
Од 21.30 часот решаваа задачи од топографија, секоја екипа требаше да реши и вцрта
по пет задачи на добирната топографска карта.
Саботата натпреварите започнаа во 8,30 часот по стартна листа заедничка за сите категории.
Во зависност од категоријата :
-Пионерите имаа патека долга 4 км и 6 контролни точки,
-Јуниорите имаа патека долга 5,5 км и 9 кт,
-Сениорите имаа патека долга 7 км и вкупно 18 кт ( нетпреверувечите од 7 до 11 кт,
Се движеа посебно во три патеки за да се спојат на 11 кт точка)
– Ветераните имаа патека долга 5,5 км и 9 кт,
Сите екипи освен пионерските на 4 КТ добиваа прашања од прва помош по три кои
требаа да ги покажат практично. На претпоследната КТ екипите добиваа по три
прашања од областа врзување на јазли кои требаше практично да ги врзат.
Сите екипи од Дневниот натпревар се вратија на целта до 13,30 часот.
Екипите после ручекот времето до вечерата и Ноќниот старт го искористија во
разгледување на убавуните на Охрид и неговата околина.
Во 19,30 часот започна Ноќниот натпревар по стартна листа заедничка за сите екипи.
Сите екипи имаа по 6 кт но различни патеки по категории.Екипите на 3 КТ добиваа
задача со зададен азимут да се движат и да го одредат зададениот објект.
Сите екипи на целта пристигнаа до 21,30 часот.
Од 22 часот беше организирана заедничка забава во ресторанот на Омаралиштето.
Членовите на Младинската комисија организираа на терасата од Омаралиштето
за помладите членови посебна забава со разни игри и песни.
Во Недела после доручекот се прогласија најдобрите екипи по категории и
по држави.Медаљите и пехарите ги додели Јоже Карловски, а воедно и го прогласи
Шампионатот за затворен.
Му даде збор на Претседателот на планинарскиот сојуз на БиХ кој ги
поздрави присутните, и ги покани наредната 2019 година да учествуваат на
Шампионатот во планинарска оријентација, кој планираат да го организираат на
Планината Игман во близина на Сараево.

Извештајот го изготви: Душко Бошковски

 

Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Start typing and press Enter to search