ЗА СИГУРНА ПОСЕТА НА ПЛАНИНИТЕ

Во летните месеци има најмногу посетители низ планините. Тоа се убави, но и опасни месеци за
планинарење. Силно сонце, невреме, јак ветер, дожд, град. Затоа сите посетители на планините треба да
бидат подготвени за сите прилики.
Им препорачуваме на посетителите на планините да се зачленат во локалните планинарски друштва и со
помош на регистрирани планинарски водичи во ФПСМ (Федерацијата на планинасрки спортови во
Македонија) да ги посетуваат планините. Во планинарските друштва ќе ги добиете сите потребни
информации и совети за планините, за потребната опрема, облека и обувки, како и за состојбата на
патеките и за очекуваната временска прогноза.
ПРЕВЗЕМИ цел материјал: fpsm-za-sigurna-poseta-na-planinite