Хуманитарна акција на ПСК Осогово од Кочани

Планинарскиот Спортски Клуб ,,Осогово’ од Кочани, оваа планинарска година ја започна хуманитарно со доставување на пакети со храна, хигиенски средства и алишта на околу 15 грагани кои живеат високо во осоговските села кои во зима честопати се отсечени од градот поради снегот и ниските температури. Од клубот велат: “оваа хуманитарна акција е прва за 2024 г. а во 2023 година ги посетивме три пати и им доставивме исто така пакети со храна,,. ПСК Осогово соработува со неколку хуманитарни организации кои донираат заедно со планинарите на Осогово, a планинарите се грижат секој жител на осоговските села да биде посетен и да му бидат доставени есенцијалните продукти за да ја поминат зимата безгрижно.

Големо БРАВО за ПСК Осогово, позитивен пример за општестево одговорен клуб!

Share This: