Состав на комисијата за планинарски водичи
Членови
-
- Виктор Антовски, претседател.
- Бобан Блажевски, секретар.
- Марина Стоилова, редовен член.
- Томас Свинарски, редовен член.
- Бобан Стефановски, редовен член.
Останати - Јовица Апостоловски,вонреден член.
- Дејан Ивановски, вонреден член.
- Надир Мурсели, вонреден член.
- Кадир Бајрами, вонреден член.
- Јован Божиновски, надворешен член.
ДОКУМЕНТИ КПВ
- Правилник за планинарски водичи при ФПСМ
- Правилник за лиценцирање на образовен кадар при Комисијата за планинарски водичи на ФПСМ
- Програма за обука на планинарски водичи во летни услови во ФПСМ
- Програма за обука на планинарски водичи во зимски услови
- Протокол за лиценцирање планинарски водичи на ФПСМ
- Протокол за ментори на приправници за планинарски водичи
- Правилник за организација и водење планинарски акции, походи и маршеви на ФПСМ
- Дисциплински правилник за водичите на ФПСМ - конечен
Безбедно низ планина
- Движење низ планина во зимски услови
- За безбедна посета на планините во зима
- Организирање на планинарски акции во зимска сезона
- ПРЕПОРАКИ за организација на големи традиционални планинарски акции
- Употреба на мобилни телефони на планина
- Препораки од КПВ за користење радио комуникации
- Упатство - Безбедно на планина во лето
- Меѓународни итни телефонски броеви и систем за планинско спасување
- Компас или GPS уред, прашањето е сега!
- Опрема за есен
- За сигурна посета на планините
- Препораки при невреме на планина
- Пријава за однесување на планинарски водич регистриран во ФПСМ
- PËR LËVIZJE TË SIGURT NËPËR MALE
Обуки
За планинарските водичи
Кои се планинарските водичи на ФПСМ?
Планинарските водичи на ФПСМ се обучени, имаат искуство, внимателни кон природата, дружељубиви и подготвени да го споделат своето искуство и знаење.
Доброволните планинарски водичи имаат повеќедецениска традиција. Првите обуки за водичи биле организирани во минатиот век.
Планинарските водичи се оспособени стручни работници во спортот, оспособени за планинарење во повеќе категории, чие занимање е дел од Националната класификација на дејности. Програмата на обуките за водичи во организација на ФПСМ се потврдени како од Министерството за образование и наука, така и од Меѓународната асоцијација на планинари и качувачи, УИАА.
Водичите се здружени во Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ, која се грижи за образованието на водичите, како и за безбедно планинарење на сите учесници во планинарските акции. Планинарските водичи во ФПСМ ги почитуваат постојните правилници и акти на ФПСМ, вклучувајќи го и Кодексот на македонските планинари, документи кои се однесуваат на доброволното планинарско водење.
Како се станува планинарски водич?
Ако сакате да им ги откривате убавините на планините на другите луѓе, ако сакате да учите и своето знаење и искуство да го пренесувате на други, ако сте дружељубиви, тогаш вклучете се во планинарски клуб регистриран во ФПСМ. Ќе се запознаете со други истомислечки луѓе, ќе научите за безбедното планинарење, а ќе се запознаете со обврските и должностите на планинарските водичи.
Кога ќе станете планинарски водич, тоа е за цел живот – постојано ќе учите, ќе среќавате нови луѓе и ќе искачувате нови планини.



