Обука за планинарски водичи во Категорија А1

Од 21 до 26 мај 2021 година, Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ организираше Обука за планинарски водичи во Категорија А1 (Планинарење по лесни патеки во летни услови). На практичната обука во Националниот Парк Пелистер, учествуваа 25 кандидати од целата држава и од Црна Гора. Подготовката за обуката започна со Приемен испит и со подготвителна настава, при што од предавањата беа извршени преку видео средби, средби во живо во мали групи и со самостојна изведба на практични задачи. ФПСМ продолжува со едукативните активности за планинарски водичи, маркацисти и младински лидери, со цел да се поттикне безбедно планинарење и да се подигне планинарската култура во Македонија и во регионот.

Share This: