Обука за планинарски водичи 2023

Од 23 до 28ми Мај, на Попова Шапка беше одржан практичниот дел од обуката за планинарски водичи за кандидатите за А1 при ФПСМ. На обуката присуствуваа 30 кандидати од цела Македонија. Кандидатите поминаа интензивни шест дена на планина. Низ теорија и практична примена го совладуваа материјалот помагајќи еден на друг. На крајот од обуката сите учесници работеа како група која успеа да ги надмине очекувањата.

КПВ благодари на сите досегашни учесници на обуките, предавачите и инструкторите, затоа што преку процесот се развиваат капацитетите на ФПСМ, комисиите и клубовите.

Share This: