UIAA Планински вештини – што го ослабува јажето

Најновиот извод од Прирачникот за алпски летни вештини на UIAA е насочен на факторите кои го ослабуваат јажето и претставува дел од поглавјето посветено за опрема.

Ограничувања на динамично јаже

  • Мокрото јаже е потешко и со него потешко се ракува
  • Доколку јажето замрзне, неговите перформанси можат да се намалат (речиси за половина во однос на суво јаже)
  • Јажето лесно може да се запали или „стопи“ под дејство на јако триење (голем пад, особено брзо абзелување и триење јаже од јаже)
  • Изгореното јаже има намалени перформанси
  • Прашината, како и особено зрнцата од гранит и песок, предизвикуваат прерано оштетување на влакната во јадрото на јажето и го скратуваат неговиот век на траење
  • Сончевите/УВ зраци го забрзуваат абењето и литењето на јажето
  • Усуканите места на јажето отежнуваат употребата
  • Удар преку остар раб може да доведе до прекинување на јажето, па затоа двојните јажиња се најбезбедни при традиционално качување

Продолжување на животниот век на јажето

  • Не го влечете јажето низ валкана површина
  • Не дозволувајте вашето јаже да се закачи за било што и уредно го намотувајте на сидриштата/стојалиштата за осигурување
  • Избегнувајте триење на јажето преку абразивни површини и остри рабови колку што е можно повеќе
  • Наизменично менувајте ги краевите на наврзување и обезбедување (при качување на кратко насоки од половина цуг)
  • Исперете го јажето во млака вода со благ детергент
  • Исушете го јажето во сенка и чувајте го на ладно и суво место
  • Не оставајте го јажето на сонце
  • Користете го своето јаже само за качување
  • Редовно прегледувајте го јажето
  • Чувајте го јажето намотано во пеперутка или ненамотано лабаво во торба
  • Држете го јажето подалеку од хемикалии и киселини

https://www.theuiaa.org/uiaa/mountain-skills-what-weakens-a-rope/

 

 

 

Share This:

Posted in UIAA, UIAA EUMA BMU, Uncategorized.