Покана: ГОЛАК 2015

По повод една година од постоењето на ПЛАНИНАРСКО СПОРТСКО ДРУШТВО ГОЛАК – Делчево, на ден 08-09 август 2015 година (сабота-недела),се организира планинарски марш со следната маршута :
Град Делчево 595 м.н.в. – Манастирски комплекс Св.Богородица Балаклија 650 м.н.в. – Балван 1060 м.н.в. – Спортски терени 1350 м.н.в. – Врв Чавка 1536 м.н.в. – Врв Мала Чавка 1510 м.н.в. односно крајна цел Манастир Св.Пантелејмон.Се враќаме по истиот пат наредниот ден 09.08.2015 (недела).
-Патеката во еден правец е долга 12 км,со висинска разлика околу 1000 метри и истата се искачува за 3-4 часа.Истата не е обележана но веќе е добро позната на организаторот бидејќи е помината многу пати.Се минува низ дабова и борова шума и на мали места е обрасната со гранки.Сепак постои патека која не е опасна,но сепак треба да се внимава и да се почитува препораката на водичите.Патеката е средно тешка.
– Потребна Опрема :
Шатор,вреќа за спиење,Облека за заштита од сонце за летни услови , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Креми за сонце,Полувисоки кондури за летно време,Ранец за дводневна акција најмалку 45 литри,Планинарски стапчиња,Челна лампа,Рачна светилка,Прибор за јадење (чинија,вилушка,лажица,нож) како и шише за вода од најмалку 1.5 литри,Јакна и полари заради тоа што вечерта на оваа висина може да биде посвежо.

-Прв ден 08 август 2015 год.(сабота) тргнување во 10 часот од центарот на Делчево –паркинг позади црковниот храм Св.Кирил и Методиј од каде продолжуваме до манастирскиот комплекс Св.Богородица Балаклија 650 м.н.в.на подножјето на планината Голак,каде ќе имаме мала пауза (овде може да се наполни планинска вода),потоа продолжуваме до месноста Долни Балван 1060 м.н.в.каде ќе имаме мала пауза,потоа продолжуваме до Спортските терени 1350 м.н.в. на Голак,каде во 13 часот ќе имаме ручек (планинарско гравче со месо) обезбеден од ПСД ГОЛАК Делчево,во хотел Вила Гранит.Во 14:30 часот продолжуваме до врвот Чавка 1536 м.н.в. каде по мала пауза продолжуваме до Врв Мала Чавка 1510 м.н.в.под кој се наоѓа Манастирот Св.Пантелејмон,каде ќе ги поставиме шаторите за спиење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Потребно е сите шатори да бидат на едно место бидејќи на овој ден се одржуваат и познатите ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ на кој учествуваат голем број на културно уметнички Друштва и изведувачи како од Македонија така и од странство.Овде се собираат повеќе од 10 000 луѓе и заради безбедност и прегледност,потребно е сите шатори и планинари да бидат на едно место,кое ќе го одредиме однапред.
– Ќе доделиме Благодарница за секое планинарско Друштво како и за најстар и најмлад планинар,по што ќе следи забавно рекреативен дел.

-Втор ден 09 август 2015 год.(недела) се враќаме назад за Делчево во 11 часот по истата маршута како и на 08.08.2015 год.

Дополнителна исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец по свија желба за вечера и доручек, суво овошје , жен шен енергетски тоник ( zegin ), магнезиум , електролити ……..
Напомена :
-Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведената планинарска акција е организирана и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведената планинарска акција, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Информација: – Од самиот кампинг простор кај црквата Св.Пантелејмон има прекрасен поглед кон планините Рила и Пирин во Р.Бугарија како и на нашите планини Осогово,Влаина,Малешевски Планини,Плачковица,Средна,Обозна.Прекрасен поглед на Кочанската котлина и на езерото Калимаци.

Организација :
ПСД ГОЛАК Делчево : – Претседателство : Љупчо Чучуковски,Милка Костадиновска,Јонче Атанасовски,Валентина Чучуковска,Лоренцо Трајановски – Секретар : Дарко Тодоровски

Водич: Љупчо Чучуковски
Помошник водич: Ќе бидат кажани на денот на тргнување кои ќе бидат најмалку 3-ца.

ПРИЈАВУВАЊЕ : Најдоцна до 05 август (среда) 2015 год.(среда) Кај Претседател Дипл.шум.инж.Љупчо Чучуковски на телефон 070 605 137 или на Маил psdgolakdelchevo@yahoo.com
ПОЗДРАВ И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ГОЛЕМ НАРОДЕН СОБИР НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК !!!

Share This:

Posted in Новости.