Потпис на договорот за реализација на МЛП за означување на планинарски патеки.
На 28 март 2025 година амбасадорот на Република Чешка во Скопје г. Јарослав Лудва и Претседателот на Федерацијата за планинарење на Северна Македонија, г. Зоран Читкушев потпишаа договор за реализација на мал локален проект за означување на патеки за пешачење во Северна Македонија.
Конкретно се работи за оформување на планинарско рекреативна патека од јужната страна на Водно поточно над Долно Соње до врв Водно и поврзување на истата патека со патеката до врв Водно од Горно Соње.