Светскиот ден на планината

Почитувани,
Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), традиционално и оваа година се приклучува кон одбележување на 11 декември – ,,Светскиот ден на планината,,.
ФПСМ се придружува кон одбележување на овај ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.
Оваа година, „Светскиот ден на планината“ ќе се одбележи на 04 декември 2016 година.
За таа цел имаме чест да Ве поканиме да бидете дел од овај настан, за да му дадеме поголемо значење на „Светскиот ден на планината“, во интерес да се создаде традиционален настан за подобар и поквалитетен живот за целата општествена заедница.
Затоа сметаме дека Вашето присуство ќе биде повеќе од добредојдено.

Планинарски маратон
Планинарска патека: Скопје – Водно – Матка (18.8 км / 5 часа пешачење)
07.00 ч. Стартно место: ОУ Кочо Рацин (5 ориентир точки)
Официјален дел од програмата
13.30 – 14.30 ч. Планинарски дом Матка, свечен собир и доделување на награди и признанија (Св. Андреа)
Гостите на настанот ќе можат да се освежат со планинарски чај во текот на целиот настан.
14.00 – 15.00 ч. Окрепување со планинарско гравче, колбас, … , добро расположение и дружење.
16.00 ч. Довидување идната година
Напомена:
– Потребна опрема за еднодневно зимско планинарење и движење во природа

– Задолжително пријавување кај организаторот (листа со име и презиме на членовите учесници, ВО ПРИЛОГ).

– Aвтобус на ЈСП
08.45 ч. Број 60, Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица до Матка.
14.40; 16.20 и 18.00 ч. Број 60, Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица

– Aвтобус на ЈСП ( еден бус, во организација на ФПСМ):
08.30 ч. Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица, Центар – рекорд, Капиштец – Треска, Влае, Сарај се до Матка.
16.00 ч. Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица.
*Спортскиот настан се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Градот Скопје

НАПОМЕНА: Задолжително пријавување и доставување листа учесници (прилог 2)
Со почит,
Претседател на ФПСМ
Проф. Д-р. Јовица Угриновски

ПРИЈАВА:

Share This:

Scroll to Top