СВЕТСКИ ДЕН НА ПЛАНИНАТА 2020

Почитувани колеги,

ФПСМ традиционално се придружува кон одлуката на Генералното Собрание на Обединетите Нации во одбележување на 11 декември, Светскиот ден на планината.

Од познати причини поврзани со здравствената ситуација, беше одлучено оваа година Денот на планината да се одбележи на поинаков начин, со организирање неколку настани во периодот од 11 до 13 декември 2020 година.

Ден за дебата и презентации, 11 декември 2020 г.

  • Онлајн дебата „Како да работиме заедно за развој на планинарењето“
    од 12.00 – 14.00 (интернет апликација ЗООМ)
  • Презентирање на материјали од активностите на комисиите во ФПСМ од 17.00 до 19.00 часот (интернет апликација ЗООМ) 

12 и 13 Декември 2020 г.

Како дел од одбележување на Светскиот ден на планината планинарските клубови ќе имаат повеќе активности:

  • собирање на отпад на планинарски патеки или планинарски места, при нивно рекреативно планинарење во мали групи.
  • Планинарските водичи во неколку места (Тетово, Скопје, Куманово…) ќе презентираат опрема и ќе даваат совети на посетители-рекреативци за планинарење.

Со цел да го одбележиме важноста на овој ден и да ја нагласиме важноста на планината за секојдневниот живот, ги охрабруваме клубовите да се приклучат, со напомена за строго придржување кон протоколите и мерките за заштита

Комисијата за планинарски водичи (КПВ) организира 3 настани:

 САБОТА, 12.12.2020

  • Скопје – Средно Водно (во близина на горниот паркинг, до домот „6-те чешми”, 
  • Време 11:00 – 13:00
  • Координатори: Ирена Диков, Горан Тинтоски

11:00 – 11:10 – вовед за ДЕНОТ НА ПЛАНИНАТА 2020
(инфо на https://www.un.org/en/observances/mountain-day + за активностите на ФПСМ)

11:10 – 11:30 – Презентација на лична опрема за зимска сезона

11:30 – 13:00 – презентација на планинарска техничка опрема за зимски планинарски акции и начин на движење со неа

САБОТА, 12.12.2020

 Куманово – Студена Вода

Време: 12:00 – 13:00

Координатор: Марјан Милановски

НЕДЕЛА, 13.12.2020

Тетово – Тетовско Кале

11:00 Отворање на презентациите, вовед  
11:10 – 11:30 Презентација на лична опрема Тетекс
11:30- 11:50 презентација на планинарска техничка опрема за зимски планинарски акции Јелак
11:50 – 12:10 презентација на опрема за спасување од планина во зима ДЗС, Тим за спасување од планина
12:10 – 12:30 Работа со млади Шари, Гостивар

Share This:

Posted in Новости.