Критериуми за вреднување на високогорски акции

Критериуми за вреднување на високогорски акции

 

На состанокот одржан на ден 10.11.2026 година Комисијата за високогорско планинарење и експедиции ги потврди следните Критериуми за вреднување на високогорски акции:

КРИТЕРИУМИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ВИСОКОГОРСКИ АКЦИИ

  1. Надморска височина:
  • 4000–5000 мнв = 2 поени
  • 5000–6000 мнв = 3 поени
  • 6000–7000 мнв = 4 поени
  • 7000–8000 мнв = 6 поени
  • 8000+ мнв = 8 поени
  1. Технички карактеристики на искачувањето (IFAS – француска скала):
  • F = 1 поен
  • PD = 2 поени / PD+ = 3 поени
  • AD = 4 поени / AD+ = 5 поени
  • D = 6 поени
  • TD = 7 поени / ED = 8 поени
  • Брзинско искачување носи +5 поени
  1. Број на учесници на акцијата/експедицијата:
  • до 3 (три) учесници = 1 поен
  • повеќе од 3 (три) учесници = 2 поени
  1. Број на клубови-членки на ФПСМ од кои има учесници на акцијата:
  • до 2 (два) клуба = 1 поен
  • 3 (три) или повеќе клубови = 2 поени
  1. Логистика за време на акцијата:
  • целосно туѓа логистика (сместување, храна + водич) = 0 поени
  • целосно туѓа логистика (сместување, храна, без водич) = 1 поен
  • делумно туѓа логистика (само базен камп и слично) = 2 поени
  • целосно сопствена логистика за време на акцијата = 3 поени
  1. Претходен број на македонски искачувања на врвот и насоката:
  • 4 (четири) до 6 (шест) искачувања = 1 поен
  • до 3 (три) искачувања = 2 поени
  • нема претходни искачувања = 3 поени
  1. Состав на членовите на експедицијата:

Секој член на експедицијата што барем еднаш во изминатите три години ги исполнил критериумите (според категоризацијата на ФПСМ) за стекнување на категорија на спортист од државна, меѓународна или светска категорија носи соодветен број поени:

  • секој спортист од државна категорија (од последни 3 години) = 2 поени
  • секој спортист од меѓународна категорија (последни 3 години) = 4 поени
  • секој спортист од светска категорија (последни 3 години) = 6 поени
  1. Начини на финансирање:
  • побарува од ФПСМ до 50% од финансиската конструкција = 2 поени
  • побарува од ФПСМ од 50% до 75% од финансиската конструкција = 1 поен
  • побарува од ФПСМ над 75% од финансиската конструкција = 0 поени

 

Share This:

Scroll to Top