Летно искачување на ТИТОВ ВРВ

 In Новости

Традиционално летно искачување на Титов врв во заедничка организација на Планинарските клубови Тетекс и Јелак од Тетово.
Акцијата е планирана како дводневна со тоа што сите заинтересирани што би сакале да се преноќат на Попова Шапка организацијата превзема одговорност за сместување во Хотел Конак со опција за планинарско сместување или апартманско сместување (цените ќе бидат тука пишани во најскоро можно време).
– Сабота 25.08 – зависно од бројот на пријавени и зависно од начинот на доаѓање, превозот ќе биде идивидуално или со организиран комби превоз.
– Недела 26.08 – 06ч тргнување со организиран превоз од пред Културниот дом во Тетово:
– 07ч тргнување кон Титов Врв од пред платото
на хотел Попова Шапка (Инекс).
Искачувањето организарано од страна на ПК Тетекс и ПК Јелак ќе се одвива исклучиво по Вакуфската патека за што двата клуба обезбедуваат водичи и техничка поддршка за време на акцијата. Сите останати кои што нема да се придржуваат кон инструкциите на водичите и поставената патека ќе се сметаат дека не се учесници на настанот и за нив двата клуба не превземаат никаква одговорност.
Патеката е со средна тежина а имајќи го во предвид дождливото лето, се препорачува сите учесници да имаат обувки соодветно на влажните и лизгави услови, односно обувки со потврд ѓон и подлабоки крампони. За сите рекреативци и поченици кои имаат помалку искуство се препорачуваат планинарски чизми како би се избегнале повреди на стапалото и зглобовите на нозете, како и соодветна компресиона заштита на послабите делови од нозете, стегачи за колена/глуждови, имајќи ја во предвид и должината на патеката.
Препорачливо е носење на планинарски стапчиња и опрема за дожд и ветер бидејќи условите на планина а посебно на врв се менуваат од час во час.
Вода има само на половина пат на местото наречено Казани со што се препорачува секој по сопствена проценка и потреба да си ја планира количината на вода што ќе ја носи со себе.
Патеката е со должина од околу 12км за што ќе ни бидат потребни околу 4,5 часа за да ја искачиме. Колоната ќе се движи споро и компактно како сите би успеале да ја искачат.
За сите учесници на акцијата ПК Тетекс и ПК Јелак обезбедуваат соодветна бесплатна успомена како и печат за секој учесник што ќе има планинарска книшка на големата карпа во седлото пред самиот врв.
Заради успешна организација на сите планирани активности, ЗАДОЛЖИТЕЛНО е пријавување за ноќевање односно превоз на телефоните: 070/751-139 Зоран (ПК Тетекс) и 078/225-034 Александар (ПК Јелак), самиот настан на Facebook тука, во коментар или на pkteteks@gmail.com или pk.jelak@gmail.com.
Однапред ви благодариме на разбирањето и навременето пријавување.

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search