МАЛ ЛОКАЛЕН ПРОЕКТ – ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТЕКИ ЗА ПЕШАЦИ И ВЕЛОСИПЕДИСТИ ВО ОКОЛИНАТА НА СКОПЈЕ SMALL SCALE PROJECT – PILOT MARKING FOR HIKING AND CYCLING TRAILS AROUND SKOPJE

 
Во текот на изминатите 2 месеца преку Програмата за развој и соработка од Република Чешка, а преку Амбасадата на Р. Чешка се спроведува Пилот проект за означување на планинарски патеки на планината Водно и една планинско велосипедска патека на Скопска Црна Гора.
На планината Водно опфатени се дел од најфрекфентните патеки на кои се поставуваат патокази – вкупно 42. На овој начин посетителите ќе имаат основни информации за патеките, правците на движење, како и време и должина на патеките.
На Скопска црна гора означена е планинско велосипедската патека (МТБ) која прави затворен круг од 30 км а почнува од село Бањани и ги поврзува манастирите св. Илија и св. Никита. На оваа МТБ патека, поставени се 12 Патокази, и дополнителни ознаки.
Сите информации воедно ќе бидат достапни и на веб порталите на ФПСМ, Град Скопје, Агенцијата за подршка и промоција на туризмот како и на други портали кои даваат информации за планинските патеки.
Проектот завршува на 31 Октомври, а предвидени се поставување и на 8 Инфотабли со графички приказ на патеките (6 на Водно и 2 на Скопска Црна Гора).
 

Share This: