МЕДЕНИЦА – Меморијален марш Сњежана Тројачанец

 In Новости

Планинарското друштво АГРОНОМ при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во чест на Сњежана Тројачанец, поранешен претседател на ПД Агроном, организира планинарски марш кој ќе се одржи на ден 24 Јуни 2018 година (недела),на планината Бистра, од селото Галичник до врвот Меденица.

Меденица е највисокиот врв на планината Бистра и се наоѓа во централниот дел на висорамнината со што нуди панорама од 360˚. Погледот од врвот е прекрасен, опфаќајќи голем дел од западната трансферзала, вклучувајќи го Кораб на северозапад, Мавровското езеро на север , врвовите Сандакташ, Веливрв и остатокот од Бистра на исток, Лазарополе, Соколица на југоисток, а по нив Стогово, тука е и планината Дешат, а кон југ убаво се гледа Дебарското езеро. По пат ќе се искусат и местата Царевец, Тонивода, Галички пат и секако селото Галичник.

На маршот се очекува да земат учество голем број планинари. Во прилог на поканата Ви ја доставуваме и програмата за искачување што ќе се одвива на планината Бистра на 24.06.2018 година.

Ве молиме најдоцна до 19.06.2018 година сите што сте заинтересирани за учество на маршот да не известите за да го имаме точниот број на учесници од Вашиот клуб заради организациони потреби. Пријавувањето може да го направите на следниов e-mal: agronomfznh@gmail.com

Лица и телефони за контакт:

078 257 878 Пламен Тројачанец

078 447 617 Ѓоко Буневски

070 858 045 Мирјана Јанкуловска

070 904 271 Тања Рајевска

ПРОГРАМА

за првиот планинарски марш Сњежана Тројачанец24.06.2018

Инфо околу патеката и упатства за учесниците:

 8:00: Пристугнување на друштвата/клубовите и нивно пријавувањена влезот во селото Галичник (1350 м.н.в.).

8:30: Поздравен говор и поаѓање на колоната.

11:30: Пристигнување на колоната на врвот Меденица (2163 м.н.в).На врвот Меденица ќе се одржи  кратка комеморација во чест на Сњежана Тројачанец.

12:30:По протоколарниот делучесниците се упатуваат назад кон селото Галичник.

14:30: По пристигнување во селото Галичникќе бидат доделени благодарници и ќе се прогласатнајмладиот и најстариот учесник на планинарскиот марш, со што ќе се затвориманифестацијата.

Планинарската тура не е тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција. Патеката е долга вкупно 10 км во двата правци.Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволно количество вода и храна, според своите потреби.Вода за пиење има само на стартот во селото Галичник.

 Потребно е учесниците со себе да понесат опрема за заштита на телото од сонце и дожд и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во маршот.Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи маршот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.

Секој учесник самостојно и на своја одговорност одлучува за учествона маршот.Задолжително да се почитуваат водачите на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водач). Водачите ќе бидат препознатливи по обележените маички кои ќе ги носат, на кои стои амблем и името на  клубот.

На турата се добредојдени  планинари/ки, членови на  планинарски друштва и планинарски ентузијасти  кои не се членови на планинарско друштво. ПД Агроном обезбедува водичи на турата. Други планинарски друштва кои се приклучуваат на турата се должни да назначат  водач на својата група. Секоја промена или откажување на учеството на турата треба да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото за промена на турата поради различни причини.

 Со оглед на фактот дека турата се организира во рамките на Националниот Парк Маврово,сите  учесници се должни да платат влезница во износ од 30 денари,пожелно  преку водичите на групите.

 Оние кои нема да сакаат да го качат врвот постои опција  да дојдат директно во селото и да ја чекаат групата тука уживајќи во Галичник. Превозот до селото Галичник е во сопствена организација.

ПРИЈАВА

За учество на планинарскиот марш во чест на Сњејжана Тројачанц
Планинарски Клуб_____________________________________________________________
(полно име и адреса)

Ќе учествува на првиот планинарски Марш на Меденица,кој ќе се одржи на 24.06.2018 година.

НАШИОТ КЛУБ ЧЕ УЧЕСТВУВА СО СЛЕДНИТЕ ЧЛЕНОВИ:
Име и презиме Датум на раѓање Бр.на планинарска книшка
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.

 

 

 

Водач на групата:_______________________________________

___/____/2018 г. Планинарски

клуб/друштво________________¬¬¬¬¬¬____________________

 

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search