Повик за учествувате во подготовките на состаноците на УИАА, ЕУМА и БМУ во Скопје

 In Најава, Новости

До сите Клубови-членки на ФПСМ

Почитувани,

Како што знаете, од 28 април до 03 мај о.г. во Скопје ќе се одржат заеднички состаноци на Балканската Планинарска Унија (БМУ), Европската Планинарска Унија (ЕУМА) и Светската Планинарска Унија (УИАА). Организатор и домаќин на овие средби е ФПСМ што е големо признание и чест за сите нас.

За подобра организација и синхронизација на овие настани, ФПСМ има потреба од помош и соработка од сите Клубови и индивидуалци-планинари. За таа цел, замолени сте да се јавите во Канцеларијата на ФПСМ и да ја изразите вашата желба и спремност да учествувате во подготовките на состаноците.

1. Пријавата за Клубовите кои сакаат да учествуваат во подготовките треба да содржи име на Клубот, седиште, име на претседателот, име на лицето за контакт (мобилен телефон и е-маил), дали Клубот располага со сопствено возило (комбе, џип, автомобил) како и начин на кој Клубот смета дека може да помогне во организацијата.

2. Пријавата за планинар-поединец кои се спремни да учествуваат во проектот треба да содржи: Име и презиме, во кој клуб се членови, возраст, школска спрема (едукација), професија и работна позиција, кои странски јазици зборува, поседување на возачка дозвола и сопствено возило, место на живеење и контакт телефон и е-маил адреса.

Пријавите да се испратат до Канцеларијата најдоцна до 31 јануари 2022. Организациониот одбор на ФПСМ ќе ве контактира и ќе ви соопшти во кој сегмент на организиранјето ќе бидете ангажирани.

Секоја идеа и предлог од ваша страна се добродојдени.

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search